Која е функцијата на витамините во организмот, во која храна се наоѓаат и дали ви требаат додатоци?

Фолна киселина

Фолната киселина помага во создавањето ДНК и нови клетки, особено црвени крвни зрнца.

Исто така, фолната киселина им е од голема корист на бремените жени бидејќи може да го намали ризикот од проблеми кај мозокот и рбетот на бебето.

Најприсутен е во зелениот лиснат зеленчук, семињата, сокот од портокал и дробот (од животни).

Ако сте бремени, лекарот веројатно ќе ви препише додатоци со фолна киселина, но немојте да почнувате да ги пиете сами.

koja-e-funkcijata-na-vitaminite-vo-organizmot-vo-koja-hrana-se-naogjaat-i-dali-vi-trebaat-dodatoci-08.jpg

Витамин Б12 (кобаламин)

Помага во создавањето нови клетки и е добар за нервниот систем.

Витаминот Б12 можете да го внесете преку месо, морска храна, јајца, млеко и млечни производи. Овој витамин го нема во храна од растително потекло, па ако сте веган/вегетаријанец можно е да се јави недостаток.

Обично атлетите и физички активните лица земаат суплементи со Б12, но ако се храните здраво, веројатно нема потреба од тоа.

koja-e-funkcijata-na-vitaminite-vo-organizmot-vo-koja-hrana-se-naogjaat-i-dali-vi-trebaat-dodatoci-09.jpg

Витамин Ц (аскорбинска киселина)

Витаминот Ц помага во метаболизирањето на протеините и е важен за имунитетот. Исто така помага во апсорпцијата на железо.

Важно е да знаете дека нема докази дека витаминот Ц спречува настинки иако многу луѓе веруваат во тоа.

Овој витамин се наоѓа само во овошјето и зеленчукот, најмногу во цитрусни овошки, зелка, јагоди, пиперки, домат, марула и киви.

koja-e-funkcijata-na-vitaminite-vo-organizmot-vo-koja-hrana-se-naogjaat-i-dali-vi-trebaat-dodatoci-10.jpg

Масторастворливи витамини

Овие витамини се складираат во клетките на организмот. Не треба да се консумираат исто често како водорастворливите витамини, но сепак се неопходни.

За оваа група витамини е важно да знаете дека ако претерате, можат да станат токсични.

За повеќето луѓе, разновидната исхрана е сосема доволна за да ги внесат потребните витамини од оваа група.

Витамин А

Витаминот А е добар за видот, кожата, коските и забите, како и состојбата на имунитетот. Може да помогне и во справувањето со инфекции.

Се наоѓа во сирење, путер, маргарин, јајца и црн дроб.

Немојте да земате витамин А на своја рака бидејќи можете да си предизвикате проблеми со црниот дроб ако претерате.

koja-e-funkcijata-na-vitaminite-vo-organizmot-vo-koja-hrana-se-naogjaat-i-dali-vi-trebaat-dodatoci-11.jpg

Витамин Д

Овој витамин е потребен за правилна апсорпција на калциум и го одржува здравјето на коските.

Можете да го најдете во жолчки од јајца, црн дроб (од животни), млеко и риба. Витаминот Д може да се добие и од сончевата светлина.

Генерално, здравите лица немаат потреба од додатоци со витамин Д. Важно е да не го земате на своја рака бидејќи ако претерате со дозата можете да си наштетите.

koja-e-funkcijata-na-vitaminite-vo-organizmot-vo-koja-hrana-se-naogjaat-i-dali-vi-trebaat-dodatoci-12.jpg

Витамин Е

Витаминот Е има улога на антиоксиданс и ги штити ѕидовите на клетките. Може да им биде од корист на пушачите бидејќи ги штити клетките од штетата што ја предизвикува чадот од цигарите.

Можете да го внесете преку зелен лиснат зеленчук, продукти од цело зрно, црн дроб, жолчки од јајца, јаткасти плодови и семиња.

koja-e-funkcijata-na-vitaminite-vo-organizmot-vo-koja-hrana-se-naogjaat-i-dali-vi-trebaat-dodatoci-13.jpg

Витамин К

Витаминот К помага во правилното згрутчување на крвта, а исто така е добар и за коските.

Најприсутен е во зелениот лиснат зеленчук, како спанаќ, и зелениот зеленчук, како брокула и аспарагус. Овој витамин се произведува и во цревата.

koja-e-funkcijata-na-vitaminite-vo-organizmot-vo-koja-hrana-se-naogjaat-i-dali-vi-trebaat-dodatoci-14.jpg

Како што веќе нагласивме - немојте да земате суплементи без консултација со лекар бидејќи најверојатно не ви се ни потребни, особено ако се храните здраво и разновидно. 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...

Најчитани неделава