Депресија, анксиозност и многу изразени ПМС симптоми – што е предменструалното дисфорично нарушување?

Кај некои жени се јавуваат многу поизразени симптоми на ПМС (како депресија и анксиозност) кои можат да имаат негативно влијание врз извршувањето и на наједноставните задачи. Ако и вие сте во ваква ситуација, можеби станува збор за предменструално дисфорично нарушување - што вообичаено е ретка состојба.

depresija-anksioznost-i-mnogu-izrazeni-pms-simptomi-shto-treba-da-znaete-za-predmenstrualnoto-disforichno-narushuvanje-01.jpg

Кај голем број жени се јавуваат симптоми на предменструалниот синдром, познат и како ПМС.

Променливото расположение, промените во апетитот, подуеноста и зголемената чувствителност во градите се дел од најчестите симптоми, а секоја жена ги чувствува со различен интензитет.

ПМС симптомите се јавуваат околу една недела пред почетокот на менструацијата и обично поминуваат откако ќе почне крвавењето.

Но дали вашите ПМС симптоми се премногу изразени, до тој степен што не можете ни да функционирате како што треба? Дали сте депресивни до тој степен што не ви се станува од кревет и немате желба за буквално ништо?

Тогаш можеби имате таканаречено предменструално дисфорично нарушување.

Што е предменструално дисфорично нарушување и зошто се појавува?

Ова нарушување е како ПМС, но со многу поизразени симптоми. Додека физичките симптоми се генерално исти како и кај ПМС, психичките можат да бидат многу полоши и да претставуваат пречка во секојдневието.

Ова нарушување може да се јави кај секоја жена, но се верува дека жените кои имаат историја со депресија и слични проблеми со менталното здравје се изложени на поголем ризик.

Исто така, можно е жените кои имаат семејна историја со нарушувањето да бидат изложени на поголем ризик.

Според WebMD, додека ПМС симптомите се јавуваат кај 75% од жените, предменструалното дисфорично нарушување го имаат помеѓу 3% и 8% од жените.

Наводно, експертите уште не ја знаат точната причина за појавата на ова нарушување, но постојат некои претпоставки.

Најверојатно станува збор за абнормална реакција на хормоналните промени кои се случуваат во текот на менструалниот циклус.

Овие промени можат да предизвикаат недостаток на серотонин – хормон кој има влијание врз расположението – поради што се јавуваат депресија, раздразливост, анксиозност и слично.

depresija-anksioznost-i-mnogu-izrazeni-pms-simptomi-shto-treba-da-znaete-za-predmenstrualnoto-disforichno-narushuvanje-02.jpg

Кои се симптомите на предменструално дисфорично нарушување?

Симптомите на нарушувањето се јавуваат истиот период како и ПМС симптомите, а исчезнуваат ден-два откако ќе почне менструацијата.

Како што напоменавме, симптомите можат да бидат многу интензивни и да претставуваат пречка во извршувањето на секојдневните задачи.

Најчести психолошки симптоми:

  • Раздразливост
  • Гнев
  • Несоница
  • Депресија
  • Екстремен замор
  • Анксиозност
  • Збунетост
  • Постојано плачење
  • Проблеми со спиењето

depresija-anksioznost-i-mnogu-izrazeni-pms-simptomi-shto-treba-da-znaete-za-predmenstrualnoto-disforichno-narushuvanje05.jpg

Најчести физички симптоми:

  • Болки и зголемена чувствителност во градите
  • Болки во стомакот
  • Констипација
  • Подуеност
  • Акни

Ако често ги забележувате овие симптоми во периодот пред менструација и истовремено имаат изразено негативно влијание врз вашето секојдневие, најдобро е да разговарате со вашиот гинеколог.

Не треба сами да си поставувате дијагноза, ниту да пиете лекови (особено не седативи и апчиња за смирување) без консултација.

Важно е да знаете дека има начин да се справите со овие симптоми и генерално да се чувствувате подобро во деновите кога се појавуваат.

depresija-anksioznost-i-mnogu-izrazeni-pms-simptomi-shto-treba-da-znaete-za-predmenstrualnoto-disforichno-narushuvanje-06.jpg

Што можете да направите вие?

Доколку гинекологот ви го дијагностицира нарушувањето, ќе ви каже и кои треба да бидат вашите следни чекори и дали можеби ќе треба да примате некаква терапија.

Сепак, и вие можете да направите некои работи за да си ги олесните симптомите:

  • Хранете се поздраво – внесувајте повеќе протеини и јаглехидрати, а намалете со шеќер, сол, кофеин и алкохол.
  • Вежбајте редовно.
  • Справувајте се со стресот.
  • Земајте додатоци во исхраната како витамин Б6, калциум и магнезиум (откако ќе се консултирате со лекар)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да познаете дали имате депресија и како можете да си помогнете? Депресијата е нарушување кое предизвикува чувства на очај, тага и безнадежност и...
10 мали животни промени со кои ќе ги намалите симптомите на анксиозност Пијте чај од камилица, дишете длабоко и бидете што е можно поактивни – Некои нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg