Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најчести вагинални проблеми, симптоми и совети за одржување вагинална хигиена – д-р Јасмина Вета Дарковски за CRNOBELO.com

Вулвовагинална хигиена

Вагината е орган што се чисти сам од себе, што значи дека во нормални околности не е потребно да се мие внатрешноста.

Вулвата, пак, треба редовно да се мие барем еднаш дневно, за да се заштити вагината од можна контаминација.

Кога ги миете интимните делови, никогаш не треба да користите производи што содржат сапун или агресивни материи, бидејќи тие можат да ја нарушат физиолошката рамнотежа на вагиналната микрофлора и да ја измијат нејзината природна заштитна хидратација и навлажнувачки компоненти.

Понекогаш е потребна дополнителна грижа доколку е нарушена рамнотежата на вагиналната микрофлора или се појави инфекција.

Во такви случаи, важно е да ги препознаете симптомите и да се јавите кај вашиот лекар за да можете да ја примените вистинската терапија.

najchesti-vaginalni-problemi-simptomi-i-soveti-za-odrzhuvanje-vaginalna-higiena-otkriva-d-r-jasmina-veta-darkovski-za-crnobelo-com-08.jpg

Кои се знаците или симптомите на вагиналните проблеми?

Консултирајте се со вашиот гинеколог ако забележите:

  • Промена на бојата, мирисот или количината на вагинален исцедок
  • Вагинално црвенило или чешање
  • Вагинално крварење помеѓу менструацијата, после секс или после менопауза
  • Туморозна промена или испакнатост во вагината
  • Болка за време на сексуалниот однос

najchesti-vaginalni-problemi-simptomi-i-soveti-za-odrzhuvanje-vaginalna-higiena-otkriva-d-r-jasmina-veta-darkovski-za-crnobelo-com-05.jpg

Што можам да направам за да ја одржам мојата вагина здрава?

Можете да преземете чекори за да го заштитите вашето вагинално здравје и целокупното здравје. На пример:

Бидете сексуално одговорни. Користете кондоми или одржувајте заемна моногамна врска со партнер кој е без сексуално преносливи инфекции. Ако користите секс играчки, исчистете ги после секоја употреба.

Вакцинирајте се. Вакцинациите можат да ве заштитат од ХПВ (вирусот поврзан со рак на грлото на матката), како и од хепатитис Б (сериозна инфекција на црниот дроб), што може да се шири преку сексуален контакт.

Правете Кегелови вежби. Вежбите на Кегел можат да помогнат во тонирање на мускулите на дното на карлицата доколку имате пролапс, истекување на урина или слабост на карличниот под.

Запознајте ги вашите лекови. Разговарајте за употребата на лекови и можните вагинални несакани ефекти со вашиот доктор или фармацевт.

Ограничете ја количината на алкохол што ја пиете и не пушете цигари. Хроничната злоупотреба на алкохол може да ја наруши сексуалната функција.

Цигарите може да влијаат на сексуалната возбуда. Злоупотребата на супстанции може да предизвика лошо физичко и ментално здравје, што може да влијае на сексуалната функција.

najchesti-vaginalni-problemi-simptomi-i-soveti-za-odrzhuvanje-vaginalna-higiena-otkriva-d-r-jasmina-veta-darkovski-za-crnobelo-com-03.jpg

Напомена: Не значи дека сите промени кои ќе ги забележите  претставуваат сериозни болести за кои нема лек. Најголем дел од промените се краткотрајни и поминуваат без лекување.

Доколку промените кои ќе ги забележите не се повлекуваат, треба да го посетите вашиот матичен гинеколог.

Не дозволувајте срамот од отворено зборување на интимни теми и барањето одговори на вашите прашања на Google, да доведат до тоа да вашите тегоби станат болест, за која што лекувањето ќе биде прекасно.

Текстот е подготвен од страна на д-р Јасмина Вета Дарковски, специјалист за гинекологија и акушерство, која моментално раководи со специјалната амбуланта за премалигни заболувања на женскиот генитален систем (вулва, вагина и грлото на матката), во Мајсен, Германија.

За CRNOBELO.com д-р Јасмина Вета Дарковски ќе пишува едукативни текстови на разни теми поврзани со женското здравје. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Хронична вагинална болка – што треба да знаете за вулводинија и кога да се консултирате со лекар? Хроничната вагинална болка се нарекува вулводинија и иако не е позната точната п...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Видови болка кои никако не треба да ги игнорирате, според доктор Болката во стомакот не е невообичаена појава, но кога е многу силна, не поминува...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
Проблеми со стомакот кои можат да бидат знак за некое заболување Силната и нагла болка во долниот десен дел од стомакот може да биде знак за восп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg