Домашни „лекови“ за изгореници од сонце кои никако не треба да ги пробувате

Маргаринот и вазелинот можат само да ја влошат состојбата – бидејќи се мрсни, ја заробуваат топлината од изгореницата и не ѝ дозволуваат на потта да испари, а ова може да предизвика инфекција.

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-01.jpg

Летото значи одмор, плажа и уживање, но неретко значи и болни изгореници од сонце. Доволно е само еднаш да заборавите да нанесете крем со заштитен фактор за да си создадете проблем.

Изгорениците од сонце можат да го зголемат ризикот од појава на рак на кожата, па од голема важност е да ги спречите.

Но сепак, на секој може да му се случи да заборави да стави крем со заштитен фактор или да остане на сонце подолго од планираното.

А, кога ќе се соочите со изгореници, многу е важно и како ги третирате.

Иако постојат многу домашни „лекови“ против изгореници кои се доста популарни, не значи дека се ефикасни. Всушност, некои можат и да ви предизвикаат повеќе штета.

Кои домашни лекови не треба да ги применувате?

Вазелин или маргарин

Немојте да ставате вазелин, маргарин или други мрсни продукти.

Овие продукти можат да ја заробат топлината од изгореницата, но и да ги затнат порите така што потта не може да испарува. Ова, пак, може да предизвика инфекција.

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-02.jpg

Средство за плакнење уста

Периодов на ТикТок, но и другите социјални мрежи, се појавија совети за третирање изгореници од сонце со средство за плакнење уста.

Овие средства обично имаат состојки како ментол и поради ова имаат ефект на разладување.

Но, експертите истакнуваат дека средствата за плакнење уста содржат и алкохол кој може дополнително да ја иритира изгореницата.

Исто така, средствата имаат и други состојки кои можат да ја влошат состојбата.

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-03.jpg

Оцет

Уште еден трик што е популарен на интернет, но е најдобро да го избегнувате.

Оцетот има ниска рН вредност, што значи дека е кисел. Па, ако го ставите на кожа иритирана од сонце, може да ја влошите изгореницата.

Исто така, ако станува збор за посериозна изгореница, оцетот може да ја влоши болката.

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-04.jpg

Мраз

Иако е безбедно да ја разладите изгореницата со студена вода или облоги, немојте да ставате мраз директно на неа – мразот може дополнително да ја иритира.

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-05.jpg

Што да направите ако изгорите на сонце?

1. Кога ќе си дојдете дома, истуширајте се со студена вода или разладете ја кожата со ладни облоги со влажна крпа.

2. Нанесете лосион за после сончање или крем/гел со алое вера. Во аптека побарајте и крем за изгореници. 

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-06.jpg

3. Кремовите со витамин Ц и Е можат да го намалат оштетувањето на клетките на кожата.

4. Ако чувствувате болка, консултирајте се со лекар. Само, немојте никако да давате аспирин против болка на мало дете со изгореници.

5. Пијте многу вода.

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-07.jpg

6. Носете широка облека од памук.

7. Држете се настрана од сонце додека не ви помине изгореницата.

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-08.jpg

Кога да побарате лекарска помош?

1. Ако имате големи пликови на изгореното место или ако се појават какви било пликови на лицето, дланките или гениталиите.

2. Ако се јават отоци на изгореното место.

3. Ако забележите какви било знаци на инфекција.

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-09.jpg

4. Ако болката станува поинтензивна.

5. Ако имате силна главоболка, гадење или висока температура.

6. Ако состојбата на изгореницата не се подобри по неколку денови.

domashni-lekovi-za-izgorenici-od-sonce-koi-nikako-ne-treba-da-gi-probuvate-0.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg