Чести сексуално преносливи болести и како да се заштитите од нив

Хепатит

Хепатитот е болест која предизвикува воспаление на црниот дроб и фиброза и може да се пренесе на неколку начини, вклучувајќи и сексуален однос.

Постојат неколку видови хепатит – хепатитот А обично се наоѓа во фекални материи, но може да се пренесе и сексуално.

Хепатитот Б може да се пренесе преку телесни течности, користење исти игли и од мајка на дете за време на раѓање.

Хепатитот Ц може да се пренесе преку крв, семена течност и други телесни течности.

Можете да се заразите со хепатит Д преку крв, додека со хепатит Е - доколку го има вирусот во храната или водата што ги консумирате.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-08.jpg

Хепатит Б и Ц можат да бидат хронични и многу веројатно е да не се појават симптоми додека не настане оштетување на црниот дроб.

Но, доколку станува збор за акутно заболување, уште веднаш можат да се забележат симптоми.

Некои од најчестите симптоми се замор, темна урина, болка во стомакот, намален апетит, жолта кожа и очи (знак за жолтица).

За да го намалите ризикот од зараза, препорачливо е да се вакцинирате, но засега нема вакцини за хепатит Ц или Е.

Исто така, секогаш користете кондом, а ако сте загрижени дека сте се заразиле, веднаш одете на лекар.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-09.jpg

Гонореја

Гонорејата е сексуално пренослива болест предизвикана од бактерија и во голем број случаи не предизвикува симптоми.

Болеста се пренесува преку орален, вагинален и анален секс.

Кај мажите, дел од симптомите се болка за време на уринирање, како и исцедок со бела, жолта или зелена боја. Кај некои мажи, иако поретко, се јавува и болка во тестисите и препоните.

Кај жените исто така има болка при уринирање, како и зголемен вагинален исцедок. Некогаш се јавува и крвавење.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv10.jpg

Доколку не се лекува, гонорејата може да предизвика сериозни проблеми со здравјето.

Кај жените може да ги оштети репродуктивните органи и да го зголеми ризикот од вонматерична бременост. Кај мажите, пак, може да го зголеми ризикот од неплодност.

Затоа, препорачливо е да се тестирате ако забележите некој симптом, ако често менувате партнери или сте имале однос со партнер кој ви кажал дека има сексуално пренослива болест.

Според Центарот за контрола и превенција на болести, препорачливо е да се тестирате еднаш годишно ако не сте во моногамна врска.

Болеста може да се излечи со правилна терапија, но ако настане преголема штета, како неплодност, штета ќе биде трајна.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-11.jpg

Кламидија

Кламидијата е бактериска зараза која се јавува и кај мажи и кај жени, но кај жените може да предизвика трајно оштетување на репродуктивниот систем.

Болеста се пренесува преку вагинален, анален или орален секс со заразена личност.

Исто така, болеста може да се пренесе од мајка на дете за време на породување.

Ако сте сексуално активни, важно е секогаш да користите кондом, особено ако често менувате партнери.

Добро би било да се тестирате еднаш годишно ако не сте во моногамна врска.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-12.jpg

Обично кламидијата не покажува симптоми, но тоа не значи дека не предизвикува штета.

Симптомите можат да се појават и неколку недели откако ќе се заразите, а кај жените вклучуваат обилен вагинален исцедок, како и болка при уринирање.

Кај мажите може да се јави исцедок од пенисот, болка при уринирање, како и болка или отоци кај тестисите.

Денес постојат третмани за кламидија кои можат навреме да ја спречат потенцијалната штета, па препорачливо е редовно да се тестирате ако спаѓате во ризична категорија.

chesti-seksualno-prenoslivi-bolesti-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-13.jpg

Дури и да не забележувате симптом од некоја сексуално пренослива болест, препорачливо е редовно да се тестирате, посебно ако не сте во моногамна врска.

Исто така, бидете отворени со вашиот лекар, дури и ако ви е непријатно да зборувате за сексуалниот живот, бидејќи само вака навреме ќе ги фатите болестите и ќе ги запрете пред да предизвикаат голема штета.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава