Во Македонија најчесто се препорачува топла супа против настинка, а што јадат луѓето низ светот кога се болни?

Кога бев мала секогаш кога ќе настинев мајка ми подготвуваше топла супа, а баба ми чај или млеко со „прегорен шеќер”. Ова се некои од традиционалните лекови против настинка во Македонија, а што јадат луѓето низ светот кога се болни?

vo-makedonija-najchesto-se-preporachuva-topla-supa-protiv-nastinka-a-shto-jadat-lugjeto-niz-svetot-koga-se-bolni-01.png

Најчесто и во другите земји низ светот се препорачува супа за настинки, но е подготвена на различни начини од нашата добропозната пилешка супа која лечи сè, народски кажано секако, не буквално. 

Во продолжение погледнете каква храна јадат луѓето низ светот кога се болни:

Кичди - Индија и Пакистан

За да се направи кичди, белиот ориз и леќата се готват заедно и често се преливаат со ги (прочистен путер) и со урда. 

Пастина - Италија

Секако тестенините им се омилени на Италијанците. Пастините доаѓаат во различни форми и се спремаат исто како и макароните и шпагетите. 

Супа со нудли - Кина

Ништо не е подобро од супа кога се чувствувате лошо, а во Кина, супата е подобра со нудли во неа. За дополнителни хранливи материи и вкус, во супата додаваат пржено јајце и зеленчук.

Роуроу супа - Фиџи

Зелениот лиснат зеленчук е задолжителен за луѓето кои сакаат да ги надополнат изгубените хранливи материи што му се потребни на телото кога се болни.

Листовите тарос, кои ги има во изобилство на Фиџи, се користат и се варат во кокосово млеко или вода и се добива одлична супа.

Оризова каша со риба - Сингапур

Ова јадење кое лесно се подготвува е едно од омилените во Сингапур без разлика дали некој е болен или само гладен. Обична оризова каша се прелива со парчиња риба, се зачинува со ѓумбир, соја сос и бибер и се вари. 

Уште 5 специјалитети за настинки на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Зоран Костов, психолог: „Што е феноменот 'ефект на набљудувач' и зошто луѓето се неми сведоци на неч... „Ова е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но нико...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава