Зоран Костов, психолог: „Што е феноменот 'ефект на набљудувач' и зошто луѓето се неми сведоци на нечија мака?“

„Ова е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но никој не реагира. Зошто? Затоа што секој потсвесно мисли: „Некој друг сигурно ќе помогне...“ Токму ова се случува и во случаи на семејно насилство“, вели психологот Зоран Костов.

zoran-kostov-psiholog-shto-e-fenomenot-efekt-na-nabljuduvach-i-zoshto-lugjeto-se-nemi-svedoci-na-nechija-maka-01_copy.jpg

Нашиот психолог Зоран Костов неодамна испрати моќна порака на неговиот Инстаграм профил „Психологот“ дека кога имаме каков било проблем се обраќаме кај експерти од областа, но кога имаме проблеми со менталното здравје не одиме на психолог и тоа е погрешно.

Сега, пак, тој проговори на една друга тема, а тоа е феноменот „ефект на набљудувач“, кој неретко го гледаме и кај нас. Односно во ситуација кога се вклучени многу луѓе, не преземаме акција затоа што потсвесно очекуваме дека некој друг ќе го направи тоа.

Психологот Зоран подетално го објаснува овој феномен:

„Ефект на набљудувач (Bystander effect)

Во психологијата постои добро познат феномен – „Ефект на набљудувач“.

Тоа е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но никој не реагира.
Зошто?

Затоа што секој потсвесно мисли:
„Некој друг сигурно ќе помогне...“

Колку повеќе луѓе има околу нас, толку помала е веројатноста некој да преземе одговорност.
Токму ова се случува и во случаи на долготрајно семејно насилство.

Криците се слушаат.
Плачот се слуша.
Соседите знаат дека нешто не е во ред.
Но, често следи тишина.

Не затоа што луѓето се нужно лоши.

Туку затоа што одговорноста се „раствора“ меѓу многумина.

Понекогаш една пријава.
Еден разговор.
Еден повик за помош
може да спаси живот.

Психолошката лекција е едноставна:
Кога сите мислат дека некој друг ќе помогне – никој не помага“.

Кликнете на видеото од Зоран:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава