Мајка сподели рецепт за природен лек за против кашлица кај децата и чистење секрет (видео)

Ловоров лист, мед, лимон и ѓумбир – мајка сподели рецепт од само 4 состојки што според неа за 3 дена ќе ви помогне да се ослободите од упорната кашлица кај децата и да се ослободите од секретот насобран во грлото и носот. Иако е подготвен од здрави состојки, сепак консултирајте се и со лекар за користење на секоја од намирниците. 

majka-spodeli-recept-za-priroden-lek-za-brzo-lekuvanje-na-kashlicata-kaj-decata-i-za-chistenje-shlajm-video-01.jpg

Српската инфлуенсерка Инес Пачиќ редовно споделува трикови за мајчинството на својот Инстаграм профил, а паралелно им помага на голем број мајки да се изборат со вишокот килограми по бременоста.

Со започнувањето на сезоната на вируси речиси сите мајки се соочуваат со настинки кај нивните деца.

Инес, која е мајка на две мали дечиња, деновиве го сподели својот рецепт за справување со упорната кашлица кај дечињата за само 3 дена.

Иако се подготвува од здрави состојки, треба да имате предвид дека овој пијалак содржи мед, што не смее да му се дава на детето во првата година од животот. Пред да му дадете каков било природен лек на детето потребно е да се консултирате со лекар за состојките.

Потребни состојки:

  • 3 ловорови листови;
  • 200ml зовриена вода;
  • Сок од еден лимон;
  • 1 лажичка мед;
  • 1 помал ѓумбир.

Начин на подготовка:

  • Во тенџере се кинат 3 ловорови листови и се прелеваат со врела вода;
  • Во чаша се става сок од еден лимон, му се додава лажица мед, а ѓумбирот се мие, се лупи и се сече на коцкички и се додава во сокот од лимон;
  • Мешавината од сок од лимон, мед и ѓумбир се додава во водата со ловорови листови, се меша и се остава да отстои околу половина час, по што чајот се процедува;
  • Овој пијалак може да му се дава на детето по трипати дневно, 3 дена.

majka-spodeli-recept-za-priroden-lek-za-brzo-lekuvanje-na-kashlicata-kaj-decata-i-za-chistenje-shlajm-video-povekje-01-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg