Зошто никогаш не треба да одите во тоалет „за секој случај“, пред да излезете од дома?

Иако повеќето имаме навика да се присилуваме да одиме во тоалет пред да излеземе од дома, оваа навика може да ги наруши сигналите помеѓу мозокот и мочниот меур и да ни создаде многу проблеми.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-odite-vo-toalet-za-sekoj-sluchaj-pred-da-izlezete-od-doma-01.jpg

Ако сте како повеќето, веројатно имате навика да отидете во тоалет „за секој случај“ пред да излезете од дома.

Ретко кога во вакви ситуации навистина имаме потреба да одиме во тоалет, па многумина одат „со сила“.

Но, сте се запрашале ли дали и какви последици има од ова?

Тифани Секира е специјалист за здравјето на карлицата, вклучувајќи го и здравјето на околните органи, а на својот Инстаграм профил споделува совети за нејзината област и женското здравје.

А, за одењето во тоалет „за секој случај“ вели дека е најдобро да го избегнуваме.

„Ова е всушност многу лоша навика за вашиот мочен меур. Одењето во тоалет кога немате потреба го присилува мочниот меур да се испразни, кога всушност не е полн“, открива таа за Metro.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-odite-vo-toalet-za-sekoj-sluchaj-pred-da-izlezete-od-doma-03.jpg

Според Тифани, ако често го правите ова, можете да направите проблем и со сигналите помеѓу мозокот и мочниот меур.

„Кога мочниот меур се полни, притисокот од урината на него создава сигнали кои се праќаат до мозокот. Ова создава потреба за одење во тоалет и по некое време резултира со празнење на мочниот меур.

Ако се присилувате да одите во тоалет при првиот ваков сигнал, или ако одите ’за секој случај‘ без воопшто да чувствувате потреба, можете да создадете дисфункција на сигналите од мочниот меур.

Со текот на времето, мочниот меур ќе се навикне да уринирате кога не е целосно полн, а ова ќе резултира со ’ослабен мочен меур‘“.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-odite-vo-toalet-za-sekoj-sluchaj-pred-da-izlezete-od-doma-02.jpg

За жените е особено важно да не ги нарушат овие сигнали бидејќи тие се посклони на вакви проблеми од мажите.

За да ги избегнете проблемите, Тифани советува да одите во тоалет само кога навистина морате, но и да почнете да правите вежби за зајакнување на карличните мускули.

„Сите треба да прават вежби за зајакнување на карличните мускули, а тие се особено важни за оние кои често имаат потреба да одат во тоалет, но исфрлаат малку урина.

За да ја направите вежбата, стегнете ги мускулите во областа на аналниот отвор. Ќе почувствувате како мускулот се придвижува.

Истовремено, замислете си дека пробувате да се воздржите од уринирање и затегнете ги и тие мускули. На овој начин ги стегнувате (и вежбате) карличните мускули“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg