Симптоми кои укажуваат на хипертироидизам или зголемена активност на тироидната жлезда – зошто се јавува и има ли терапија?

Хипертироидизмот е состојба при која тироидната жлезда лачи повеќе хормони и со тоа предизвикува цела низа симптоми, како нагло слабеење, промени во менструалниот циклус и тахикардија. Ако не се третира или контролира, може да предизвика компликации со очите, но и други делови од телото.

zoshto-se-javuva-hipertiroidizam-ili-zgolemena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-i-koi-se-najchestite-simptomi-01.jpg

Хипертироидизмот претставува зголемена активност на тироидната жлезда. Оваа состојба може да го забрза метаболизмот на телото, и со тоа да предизвика низа симптоми, но и здравствени проблеми.

Тироидната жлезда лачи хормони кои регулираат многу процеси во телото, како метаболизмот, пулсот и телесната температура.

Па, кога во организмот се лачат премногу од овие хормони, страда целиот организам.

Зошто се јавува хипертироидизам?

Хипертироидизмот може да се јави од многу причини.

Можеби најчестата е таканаречената Базедова болест – забележана е кај околу 3 од 4 лица со хипертироидизам.

Оваа болест е всушност автоимуно заболување при кое имунитетот почнува да ја напаѓа тироидната жлезда, поради што таа почнува да лачи повеќе хормони.

Не е позната точната причина за појавата на болеста, но најчесто е забележана кај млади и средовечни жени, а неретко е и наследна. Се верува дека и пушењето може да го зголеми ризикот.

zoshto-se-javuva-hipertiroidizam-ili-zgolemena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-i-koi-se-najchestite-simptomi-02.jpg

Поретка причина за хипертироидизам се тироидните нодули. Нодулите обично се бенигни, но можат да предизвикаат зголемено лачење на тироидни хормони.

И овојпат, причината за нивната појава не е позната, но најчесто се јавуваат кај лица постари од 60 години.

zoshto-se-javuva-hipertiroidizam-ili-zgolemena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-i-koi-se-najchestite-simptomi-03.jpg

И некои лекови можат да предизвикаат хипертироидизам. Обично ова се лекови кои содржат јод.

Ако причината за хипертироидизмот се лекови, функцијата на тироидната жлезда би требало да се врати во нормала откако ќе престанете со терапијата.

Постојат и поретки причини за појава на хипертироидизам, како воспалување или рак на тироидната жлезда.

zoshto-se-javuva-hipertiroidizam-ili-zgolemena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-i-koi-se-najchestite-simptomi-04.jpg

Кои се симптомите на хипертироидизам?

Симптомите што ги предизвикува хипертироидизмот можат да изгледаат како бројни други здравствени проблеми.

Затоа, ако забележите неколку, добро би било да одите на лекар за да добиете соодветна дијагноза, а со тоа и терапија.

Дел од најчестите симптоми:

  • Необјасниво слабеење
  • Тахикардија или аритмија
  • Зголемено чувство на глад
  • Анксиозност и раздразливост
  • Промени во менструалниот циклус
  • Оток во областа на тироидната жлезда
  • Замор и слабост во мускулите
  • Кршлива коса
  • Проблеми со спиењето

simptomi-koi-ukazhuvaat-na-hipertiroidizam-ili-zgolemena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-zoshto-se-javuva-i-ima-li-terapija-005.jpg

Дали има лек и какви компликации можат да настанат?

Ако не се третира, хипертироидизмот може да предизвика други компликации, вклучувајќи:

  • Проблеми со очите, како иритација или двоен вид
  • Компликации во бременоста, како спонтан абортус или предвремено породување
  • Во ретки случаи, таканаречена „тироидна бура“, односно состојба во која симптомите нагло се влошуваат
  • Остеопороза – состојба која ги ослабува коските и го зголемува ризикот од скршеници

zoshto-se-javuva-hipertiroidizam-ili-zgolemena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-i-koi-se-najchestite-simptomi-06.jpg

Добрите вести се дека денес постојат третмани за хипертироидизам.

Еден од почестите е терапија со лекови кои го намалуваат лачењето на тироидните хормони. Штом нивото на хормоните ќе се нормализира, вашиот лекар можно е постепено да ви ја намалува дозата и на крај целосно да престанете со терапијата.

Сепак, некои луѓе целиот живот ќе треба да пијат вакви лекови.

Постои и вид радиотерапија со која се уништуваат клетките од тироидната жлезда, а со тоа се намалува лачењето на тироидните хормони.

Иако овој третман е ефикасен, не се препорачува за бремени жени и доилки. Исто така, не се препорачува за лица кои имаат сериозни проблеми со очите поради хипертироидизмот.

Во некои случаи, лекарите препорачуваат и операција со која се отстранува дел или целата тироидна жлезда.

Операцијата се зема предвид ако тироидната жлезда е многу отечена, пациентот има сериозни проблеми со очите, не смее да прима друга терапија за хипертироидизам или ако симптомите на пациентот постојано се враќаат.

Но, ако се отстрани тироидната жлезда, пациентот ќе треба да пие лекови целиот живот, па затоа операцијата најчесто е последна опција за лекување.

zoshto-se-javuva-hipertiroidizam-ili-zgolemena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-i-koi-se-najchestite-simptomi-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање ...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg