Често заборавате? 4 работи со кои го зголемувате ризикот од деменција + како се препознава и третира

Возраста не е единствениот ризичен фактор за деменција – некогаш и лошите животни навики (непотребно) го зголемуваат ризикот. Кои се симптомите на деменција, но и како да го намалите ризикот да се појави и кај вас?

nezdrava-ishrana-zagaduvanje-na-vozduhot-so-shto-si-go-zgolemuvate-rizikot-od-demencija-kako-da-ja-prepoznaete-01.jpg

Деменцијата не е една болест, туку претставува збир на симптоми или болести како Алцхајмер.

Овие болести се предизвикани од абнормални промени во мозокот и се карактеризираат со намалување на когнитивните способности, а имаат влијание и врз однесувањето и емоциите на личноста.

Иако деменцијата е почеста кај повозрасните луѓе, таа никако не е вообичаен дел од стареењето.

Додека проблемите со сеќавањето се јавуваат кај повеќето постари лица, деменцијата претставува нешто сосема поразлично.

Какви видови деменција постојат и зошто се појавуваат?

Деменцијата е предизвикана од оштетување на клетките во мозокот. Ова оштетување не им дозволува да комуницираат едни со други, поради што страдаат когнитивните способности на личноста и се јавуваат промени во карактерот и расположението.

Секој вид деменција е предизвикан од различно оштетување на мозокот.

Неколку чести видови деменција:

Алцхајмерова болест: Ова е најчестиот вид деменција. Не е позната точната причина за појавата на оваа болест, но експертите веруваат дека во некои случаи е поврзана со мутација на гени кои можат да бидат наследени.

Васкуларна деменција: Овој вид настанува поради оштетување на крвните садови кои ја носат крвта до мозокот. Најчесто лицата со васкуларна деменција имаат тешкотии со решавање проблеми, намален фокус и неспособност за организација.

Фронтотемпорална деменција: Ова е група болести карактеризирани со уништување на нервните клетки и нивната конекција во фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот. Во овој случај, најчесто настануваат промени во однесувањето на личноста, но и тешкотии во разбирањето на јазикот.

Некогаш се јавуваат и симптоми слични на деменција кои можат да се излечат. На пример, недостатокот од одредени хранливи материи може да предизвика симптоми слични на деменција. Но, ако исхраната е регулирана навреме, симптомите ќе се повлечат.

nezdrava-ishrana-zagaduvanje-na-vozduhot-so-shto-si-go-zgolemuvate-rizikot-od-demencija-kako-da-ja-prepoznaete-2.jpg

Кои се симптомите на деменција?

Во зависност од видот на деменцијата, симптомите можат да варираат. Сепак, повеќето се јавуваат кај скоро сите видови.

Когнитивни промени:

  • Проблеми со сеќавањето
  • Проблеми со комуникацијата
  • Тешкотии при решавање проблеми и расудување
  • Тешкотии со планирање и организирање
  • Тешкотии во координација и проблеми со моторните функции
  • Збунетост и дезориентација

Психолошки промени:

  • Промени во карактерот
  • Депресија
  • Анксиозност
  • Недолично однесување
  • Параноја
  • Халуцинации

nezdrava-ishrana-zagaduvanje-na-vozduhot-so-shto-si-go-zgolemuvate-rizikot-od-demencija-kako-da-ja-prepoznaete-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Знаци за деменција за кои не се зборува често (а треба да ги знаете) Покрај проблемите со помнењето, знак за деменција можат да бидат и халуцинациите...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава