Често заборавате? 4 работи со кои го зголемувате ризикот од деменција + како се препознава и третира

Кој е изложен на ризик од деменција и може ли да се намали?

Покрај возраста, постојат и други ризични фактори. Дел од нив се надвор од наша контрола, но за некои можеме да преземеме нешто.

Ризични фактори надвор од наша контрола:

Возраст: Најчесто заболуваат луѓе над 65 години, но деменцијата може да се појави на која било возраст.

Семејна историја: Ако некој во семејството имал деменција, изложени сте на поголем ризик да се појави и кај вас. Сепак, добро е да знаете дека многу луѓе со семејна историја на деменција никогаш не развиле симптоми.

Даунов синдром: До средовечна возраст, многу луѓе со Даунов синдром почнуваат да покажуваат симптоми на Алцхајмерова болест.

Повреда на главата: Луѓето кои имале сериозна повреда на главата се изложени на поголем ризик од појава на Алцхајмерова болест.

nezdrava-ishrana-zagaduvanje-na-vozduhot-so-shto-si-go-zgolemuvate-rizikot-od-demencija-kako-da-ja-prepoznaete-04.jpg

Ризични фактори што можете да ги промените:

Исхрана и физичка активност: Намалената физичка активност може да го зголеми ризикот од деменција.

Кога станува збор за исхраната, истражувањата покажале дека ризикот од деменција е поголем кај лица кои јадат нездрава храна, во споредба со луѓе кои имаат исхрана богата со мешунки, јаткасти плодови и семиња.

Алкохол: Познато е дека прекумерното пиење алкохол предизвикува промени во мозокот. Неколку истражувања покажуваат дека алкохолизмот може да го зголеми ризикот од деменција.

Загадување на воздухот: Истражувања врз животни покажале дека загадениот воздух има негативно влијание врз нервниот систем.

Истражувања со луѓе, пак, покажале дека штетните гасови, како од автомобил, можат да го зголемат ризикот од деменција.

Недостаток од витамини и хранливи материи: Ниското ниво на витамин Д, Б6 и Б12 може да го зголеми ризикот од деменција.

nezdrava-ishrana-zagaduvanje-na-vozduhot-so-shto-si-go-zgolemuvate-rizikot-od-demencija-kako-da-ja-prepoznaete-05.jpg

Како се третира деменцијата?

Третманот што го добиваат лицата зависи од причината за деменцијата.

За прогресивните видови деменција, како Алцхајмер, уште нема лек. Сепак, се тестираат лекови кои надежно можат да ги запрат симптомите.

Постојат и лекови кои привремено го забавуваат прогресот на болеста и со тоа им овозможуваат колку-толку удобен живот на заболените.

Заболените лица добиваат и препораки за поздрави животни навики, како редовно вежбање, здрава исхрана и одржување социјални контакти.

nezdrava-ishrana-zagaduvanje-na-vozduhot-so-shto-si-go-zgolemuvate-rizikot-od-demencija-kako-da-ja-prepoznaete-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg