Брз трик за новогодишна декорација, од Македонката која секоја година има еден од најубаво украсените домови

„Едноставно, но убаво“ – напиша Бети Алексовска до видеото во кое покажува како да направите елегантна декорација за маса за новогодишните празници.

brz-trik-za-novogodishna-dekoracija-od-makedonkata-koja-sekoja-godina-ima-eden-od-najubavo-ukrasenite-domovi-01.jpg

Бети Алексовска е Македонка која живее во Швајцарија, а позната е по тоа што речиси за секој празник ужива да изработува уникатни декорации и да го разубавува својот дом.

brz-trik-za-novogodishna-dekoracija-od-makedonkata-koja-sekoja-godina-ima-eden-od-najubavo-ukrasenite-domovi-03.jpg.jpg

Пред новогодишните празници, Бети на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии од нејзиниот дом, а во кратко видео покажа како да изработите брза декорација за на маса со свеќа и гранчиња од зимзелени дрвја.

brz-trik-za-novogodishna-dekoracija-od-makedonkata-koja-sekoja-godina-ima-eden-od-najubavo-ukrasenite-domovi-02.jpg

Како што може да се види, за оваа декорација ви се потребни: украсна чинија, една голема свеќа, неколку гранчиња од зимзелени дрвја, шишарки во различни форми обоени со бела боја, лампиони и украс во форма на ирвас.

„Додајте елегантен допир во вашиот дом со мојата декорација што можете да ја изработите сами. Едноставно, но убаво“ – напиша таа до видеото.

Погледнете го видеото во продолжение:

Прочитајте и На гости кај Бети: Новогодишно украсена куќа од 240m2 на Македонка во Швајцарија (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава