10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер

Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најчестите детали што забораваме да ги средиме и кои го „огрдуваат“ изгледот дури и на најубавиот ентериер?

10-detali-koi-go-unishtuvaat-izgledot-duri-i-najubaviot-enterier-011.jpg

Понекогаш трошиме неколку часови за чистење, го средуваме домот, но не сме задоволни од крајниот резултат. Тоа е затоа што некогаш не обрнуваме внимание на деталите, а една мала ситница може да ја уништи атмосферата во домот.

Кои се најчестите грешки што ги правиме скоро сите, а кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер?

Несредена работна површина во кујната

Ако работната површина во кујната е неуредна, тогаш целата кујна делува несредено.

Наместо да оставате сè врз неа, враќајте ги предметите на своето место веднаш штом ќе завршите со нивната употреба.

Избегнувајте да ја натрупувате работната површина со предмети кои само создаваат хаос во просторот.

10-detali-koi-go-unishtuvaat-izgledot-duri-i-najubaviot-enterier-03.jpg

Празен простор под мебелот

Под празниот простор под мебелот секогаш се собира многу прашина, влакна, трошки од храна и секакви видови ѓубре. Иако не ги гледате - тие се таму.

За среќа, сега постојат различни метли и четки кои се тенки и кои лесно може да ги собере во празниот простор под мебелот.

10-detali-koi-go-unishtuvaat-izgledot-duri-i-najubaviot-enterier-09.jpg

Завеса во бањата

Бањата е често влажна и со тоа станува идеален простор за појава и ширење на бактерии и габи.

И иако постојано ги чистиме кадата и плочките, често ја игнорираме завесата над кадата.

Овие завеси се, всушност, лесни за чистење, бидејќи некои се изработени од материјали кои може да се перат во машина.

Доколку вашата завеса не е погодна за перење во машина, можете да ја исчистите со средството што го користите за бањата.

10-detali-koi-go-unishtuvaat-izgledot-duri-i-najubaviot-enterier-06.jpg

Собни растенија

Собните растенија лесно собираат прашина. Па дури и да е чиста саксијата, листовите може да се валкани.

Затоа, повремено избришете ги со влажна крпа, или „истуширајте“ ги во кадата и измијте ги убаво од прашината.

10-detali-koi-go-unishtuvaat-izgledot-duri-i-najubaviot-enterier-04.jpg

Непријатен мирис од фрижидерот

Кога храната ќе остане подолго време во фрижидерот, станува бајата и почнува да испушта непријатен мирис.

Па, дури и фрижидерот да е чист, мирисот понекогаш може да биде неиздржлив.

За да се ослободите од непријатниот мирис, можете да распоредите неколку тркалца лимон низ фрижидерот и така да се ослободите од непријатните мириси.

Или, на чинивче ставете малку сода бикарбона, а таа за неколку часа ќе го апсорбира неубавиот мирис.

10-detali-koi-go-unishtuvaat-izgledot-duri-i-najubaviot-enterier-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...

Најчитани неделава