Како да ги изберете највкусните (и најквалитетните) производи во маркет?

Пред да го купите кашкавалот убаво проверете дали му е бојата иста насекаде - ако на одредени делови е побел, голема е веројатноста дека не е произведен неодамна и дека за кратко време ќе почне да фаќа мувла.

kako-da-gi-izberete-najvkusnite-proizvodi-vo-market-01.jpg

Изборот на продукти во голема мера влијае на вкусот на храната што ја подготвуваме. Но, дали знаете како да го изберете вистинскиот производ за да го добиете најдоброто?

Прочитајте ги следниве совети и сетете се на нив следниот пат кога ќе тргнете во маркет.

Печурки

Кога купувате свежи печурки, изберете парчиња кои се цврсти и мазни - така ќе бидете сигурни дека се свежи.

Во изборот на печурките треба да има улога и нивната внатрешна страна.

Ако е бела, тогаш печурката има деликатен вкус, а ако на одредени делови има кафеави дамки, тогаш има поинтензивен вкус.

kako-da-gi-izberete-najvkusnite-proizvodi-vo-market-04.jpg

Леб

Сите знаеме да купуваме леб, но како да го избереме вистинскиот?

Обидете се да го дознаете составот на лебот - треба да е направен од вода, брашно, квасец и сол.

Избегнувајте лебови со многу адитиви кои можеби траат подолго, но кои од друга страна не се толку добри за организмот.

За да бидете сигурни дека лебот е свеж, кората треба да е тврда - меката кора значи дека лебот стои подолго на отворено и веќе се суши.

kako-da-gi-izberete-najvkusnite-proizvodi-vo-market-06.jpg

Банани

Бананите со идеален вкус се малку зелени на двете страни.

Тоа значи дека во средината бананата е идеално узреана, но и дека може да поминат и неколку дена пред да ја јадете (не мора веднаш).

Ако, пак, барате банани кои би ги јаделе истиот ден, тогаш изберете некои на коишто почнуваат да се појавуваат кафеави дамки.

kako-da-gi-izberete-najvkusnite-proizvodi-vo-market-02.jpg

Кашкавал

Кога бирате кашкавал прво прочитајте го составот и купете некој што е направен со млеко, сол, стартер култура и ензими.

Ако, пак, избирате кашкавал со додаден вкус, побарајте парчиња чиј вкус е дополнет со вистински зачини, тревки и слично, а не со вештачки бои.

Пред да го купите кашкавалот убаво проверете дали му е бојата иста насекаде - ако на одредени делови е побел, голема е веројатноста дека не е произведен неодамна и дека за кратко време ќе почне да фаќа мувла.

kako-da-gi-izberete-najvkusnite-proizvodi-vo-market-07.jpg

Јаболка

Со допир ќе откриете дали е јаболкото свежо или не.

Ако е меко, тогаш е набрано одамна и наскоро ќе почне да скапува.

Пред да купите јаболка, препорачливо е и да ги помирисате, па по мирисот да дознаете дали се природни (имаат силен мирис) или прскани со пестициди (скоро и да немаат мирис).

kako-da-gi-izberete-najvkusnite-proizvodi-vo-market-03.jpg

Портокали

Изберете парчиња со мазна текстура кои се цврсти на допир. Меките портокали најверојатно веќе почнуваат да скапуваат и да се сушат.

kako-da-gi-izberete-najvkusnite-proizvodi-vo-market-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg