Предмети во бањата што треба да ги заменувате со нови почесто отколку што мислите
Ако забележите мувла на луфата за бањање, веднаш фрлете ја. Истото важи и за подолгата на подот во бањата.
Кога купуваме нешто за во домот, секако дека сакаме да ни трае што е можно подолго.
И, повеќето предмети (и апарати) можат да траат цела вечност ако добро се грижиме за нив.
Сепак, предметите кои стојат во бањата постојано се изложени на влага и генерално треба да се заменуваат почесто. Поради влагата, сепак се оштетуваат побрзо, а се зголемува и ризикот на нив да се појави мувла.
Кога е најдобро да ги заменуваат предметите во бањата?
Луфа или сунѓер за бањање
Ако користите луфа или нешто слично кога се бањате, важно е убаво да ја исплакнете откако ќе завршите и да ја оставите на место каде што ќе целосно да се исуши.
Ако луфата остане влажна, на неа ќе се развијат бактерии или мувла, а ова ќе ви создаде проблеми со кожата.
Исто така, препорачливо е да ги заменувате сунѓерите и луфите на 2-3 месеци или штом ќе почнат да мирисаат непријатно.
Продукти за нега на кожа
За жал, продуктите за нега на кожа не траат вечно и важно е да ги замените со нови кога ќе им помине рокот на траење. Ако некој продукт е со поминат рок, фрлете го, дури и ако ви изгледа добро.
Обрнете внимание и на ознаката како на фотката подолу – бројот покажува колку месеци можете да го користите продуктот по отворањето. Ако поминале повеќе месеци, фрлете го.
Фрлајте ги и продуктите кај кои забележувате промена во мирисот, текстурата или бојата.
Четка за заби
Кoга влакненцата на четката ќе се истрошат, таа веќе нема да биде исто ефикасна. Генерално, препорачливо е да ги заменувате четките со нови на секои три месеци.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





