Предмети во бањата што треба да ги заменувате со нови почесто отколку што мислите

Подлогите на подот

Најпрво, важно е редовно да ги чистите подлогите на подот поради влагата во бањата.

Колку ќе ви траат, зависи од материјалот – оние гумените се чистат полесно, поиздржливи се, па можат да ви траат подолго.

Заменете ги со нови кога ќе забележите дека се многу оштетени, веќе не впиваат или на нив има дамки кои изгледаат како мувла.

predmeti-vo-banjata-shto-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-pochesto-otkolku-shto-mislite-05.JPG

Четки за коса

Ако редовно ја чистите четката за коса, може да ви служи со години.

Но, штом ќе почнат да ѝ паѓаат запците, заменете ја со нова бидејќи ќе ви ја оштети косата. Заменете ја со нова и ако мекиот дел на кој се запците е искинат.

predmeti-vo-banjata-shto-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-pochesto-otkolku-shto-mislite-6.JPG

Четка за тоалетна школка

Важно е да ја дезинфицирате четката барем еднаш неделно. Зaменете ја со нова ако веќе делува многу истрошено или ако има знаци на мувла.

Препорачливо е да ја замените со нова и ако некој од семејството бил болен со стомачен вирус кој може да се пренесе преку измет.

predmeti-vo-banjata-shto-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-pochesto-otkolku-shto-mislite-7.JPG

Бричови

За бричот да ви трае подолго, темелно чистете го и оставете го целосно да се исуши по секоја употреба.

Кoга ќе забележите дека на сечилата има ’рѓа, или има знаци на мувла, заменете го со нов.

predmeti-vo-banjata-shto-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-pochesto-otkolku-shto-mislite-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
7 чести грешки што сигурно ги правите со рерната (и ризикувате да ја расипете) Не ја чистите редовно, користите вентилатор за секоја храна и ставате хартија за...
Помалку очигледни грешки со микробранова печка кои можат да бидат и опасни Ако одмрзнувате месо, мора да бидете особено внимателни и да следите одредени че...

Најчитани неделава