Седум работи во домот кои треба да ги фрлите (сега откако помина Божиќ)
Штом поминале неколку денови од Божиќ и Бадник, време е да ја фрлите преостанатата храна што не сте ја замрзнале.

По празничната сезона, неизбежно е средувањето на домот. Можеби уште е рано да ја собирате елката и да ги тргате декорациите, но добро е да го средите вашиот дом.
Ова е добар период и да се ослободите од предметите што само ви зафаќаат простор.
Седум работи кои треба да ги фрлите по празничната сезона:
Остатоци од храна
Факт е дека кај нас се прават огромни количини храна за празничната сезона. Но, веќе неколку денови после Божиќ и Бадник, време е да го фрлите она што ви останало.
Секако, ако дел од храната сте ставиле во замрзнувач, тогаш можете да ја чувате уште неколку месеци.
Но, она што стоело само во фрижидерот, најдобро е да го фрлите за да избегнете труење.

Стара облека и играчки
Бидејќи секако ќе го средувате домот, искористете ја можноста по празниците да се ослободите од облеката и играчките што не ви требаат.
Облеката што не ви е точна или не сте ја облекле со години можете да ја донирате, а отштетните парчиња фрлете ги или искористете ги за крпи за чистење.
Што се однесува до играчките, децата веројатно добиле нешто ново за празниците, па нема потреба да ги чувате старите искршени играчки.

Кутии и гајби што не ви требаат
Кутии од подароци или нови предмети што сте ги купите, гајби од пијалаци и слично се предмети што само ќе ви зафаќаат просторот.
Ако не можете веднаш да им најдете намена, како за складирање, најдобро е да ги фрлите уште сега.

