Седум работи во домот кои треба да ги фрлите (сега откако помина Божиќ)
Честитки и картички од подароци
Ако ги собирате честитките и картичките од подароци и ги организирате, тогаш чувајте си ги.
Но, ако не сте сентиментална личност и знаете дека само ќе ги пикнете во некоја кутија и ќе ги заборавите, тогаш можеби е подобро да ги фрлите.

Стари декорации
Скршени лампиони, скинати декорации – сите украси што се оштетиле годинава, слободно можете да ги фрлите. Секако нема да ги користите следната година, па зошто да ги чувате.
Ако, пак има декорации што веќе не ви се допаѓаат, но се во добра состојба, можете и да ги подарите.

Продукти за убавина и шминки со поминат рок
Дури и да не сте добиле нови продукти за убавина и шминки годинава, вреди да се ослободите од оние со поминат рок.
Старите продукти можат да ви ја иритираат кожата, па сигурно нема да ги употребите.

Весници, списанија и каталози
Пред празничната сезона, сите собираме куп каталози од маркетите. Но, сега, по завршувањето на празниците сигурно нема да ви требаат, па слободно фрлете ги.
Истото важи и ако сте насобрале весници, списанија и слично.

Спирова С. | Црнобело
