Предмети во домот што е во ред да ги чистите еднаш (или двапати) годишно
Метењето со правосмукалка е нешто што, за жал, не можете да го прескокнете. Но, кога станува збор за перење на теписите, слободно носете ги само еднаш годишно.

Некои обврски, како миењето садови, се неизбежни и мораме да ги правиме секој ден, или барем неколкупати неделно.
Но, има и предмети кои е во ред да ги исчистите само еднаш или двапати годишно.
Кои се тие?
Рамките на прозорците
Додека прозорците бараат поредовно чистење, ова не важи за нивните рамки, односно внатрешноста на рамките.
Можете повремено само да ја собирате прашината со правосмукалка, но сосема во ред е ако темелното чистење го правите еднаш годишно, особено кај прозорците кои речиси и не ги отворате.
Фиоката во која чувате сè и сешто
Сите имаме една фиока во која ги ставаме предметите кои не знаеме каде ги чуваме.
И, ако сте како повеќето, веруваме дека во ова фиока ви владее хаос.
Но, бидејќи веројатно се снаоѓате и во хаосот, во ред е ако ја средувате само еднаш годишно.
Тогаш потрудете се да фрлите се што не ви треба и да воспоставите барем некаков ред.
Сијалици
Со текот на времето, на сијалиците се собира прашина, па треба да ги исчистите.
Истото важи и за лустерите во кои може да се соберат и инсекти.
Но, нема потреба да ги чистите редовно, доволно е и еднаш годишно.
