Предмети во домот што е во ред да ги чистите еднаш (или двапати) годишно

Завеси

Ова зависи од просторијата во којашто се наоѓаат завесите.

Ако се во кујна, тогаш веројатно ќе треба да ги перете почесто од еднаш годишно поради миризбата од храна.

Истото важи и ако во домот пушите цигари – чадот може да ги извалка и да остави непријатен мирис, па ќе треба да ги перете почесто.

Но, штом завесите не се изложени на мириси, доволно е само повремено да ги тресете од прашина и да ги перете еднаш-двапати годишно.

predmeti-vo-domot-shto-e-vo-red-da-gi-chistite-ednash-ili-dvapati-godishno-05.JPG

Тапациран мебел

Ако имате тапациран мебел препорачливо е да ја собирате прашината од него еднаш неделно – можете и со правосмукалка.

Уште подобро решение е ако купите прекривачи кои лесно се перат.

Еднаш годишно, пак, викнете служба за професионално чистење тапациран мебел.

predmeti-vo-domot-shto-e-vo-red-da-gi-chistite-ednash-ili-dvapati-godishno-06.JPG

Гарнитурата на терасата и во дворот

Кога времето ќе почне да се стоплува, важно е темелно да ја исчистите гарнитурата во дворот или на терасата.

Но, потоа можете да ја поминете целата сезона само со лесно одржување, како бришење на масата.

predmeti-vo-domot-shto-e-vo-red-da-gi-chistite-ednash-ili-dvapati-godishno-07.JPG

Теписи

Метењето со правосмукалка е нешто што, за жал, не можете да го прескокнете.

Но, што се однесува до перењето на теписите, сосема доволно е да ги носите еднаш годишно.

predmeti-vo-domot-shto-e-vo-red-da-gi-chistite-ednash-ili-dvapati-godishno-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg