Заборавете на препаратите: Исчистете ги мрсните садови на природен начин

Време е да заборавите на употребата на гумени ракавици, неподносливиот мирис и појавата на алергиски реакции од разните препарати и да се свртите кон природните начини за чистење на масните садови.

zaboravete-na-preparatite-iscistete-gi-masnotiite-od-sadovite-na-priroden-nacin-1

Хемиските препарати за отстранување на тврдокорните масни наслаги на садовите, често се недоволно ефикасни, а некогаш и воопшто.

Освен тоа, при нивната употреба мора да бидеме многу внимателни.


1. Лесен начин за чистење на маснотиите од тавчето

Исчистете еден компир во средна големина, исечете го на половина и едната половина натопете ја во сода бикарбона.

Потоа со таа половина компир, тријте го тавчето. Вложувате мал напор, а резултатот е видлив моментално.


2. Маснотијата од лончето исчистете ја со кесички од чај

Земете сува, неупотребена кесичка чај и со неа поминете низ внатрешниот дел од лончето, на кое има остатоци од маснотии. Веднаш ќе забележите како маснотијата се впива во кесичката со чај, а потребни ви се 2 до 3 кесички. За оваа намена најдобро е да си го купите најевтиниот чај.


3. Надворешните страни на садовите измијте ги со сода бикарбона

Земете еден голем сад или тенџерче и во него ставете 4, 5 кафени лажички сода бикарбона и додајте вода. Ставете го садот со водата да зоврие отприлика 30-50 минути, а потоа откако ќе се излади малку, само со крпа натопете од течноста и лесно поминете низ валканите садови.

На овој начин, освен садовите за готвење добро е барем еднаш месечно да го поминете и целиот прибор за јадење.


Колку помалку хемиски елементи употребувате, толку поздрав ќе биде оброкот кој го консумирате. 

Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
5 начини да ја претворите трпезаријата во пријатно катче, со малку пари Главниот фокус нека ви биде на осветлувањето и текстилот (материјалите), а потоа...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...

Најчитани неделава