Два супер трикa за темелно чистење на даската за сечење

Даската за сечење е еден од најупотребуваните производи во кујната. Поради тоа, важно е даската секогаш да биде добро исчистена.

2-super-trikovi-za-temelno-chistenje-na-daskata-za-sechenje-01.png

Чистењето само со сјај и сунѓерче не е доволно, а често остануваат дамки од храна и откако ќе ја измиете даската. Истото важи и за машината за садови. Ние ви предлагаме два супер трикови за темелно чистење на ова кујнско помагало.

Чистење со избелувач

Избелувачот е силно средство за чистење,  но ќе ви помогна темелно да ја исчистите даската за сечење. Потопете ја даската во избелувач за да ја стерилизирате. По неколку минути, убаво измијте ја даската со вода и оставете ја добро да се исуши. На овој начин се ослободуваат сите бактерии кои се насобрале.

Чистење со оцет, вода, лимон и масло

Потребно е:

  • 2 лажици оцет
  • 1 шолја млака вода
  • 1 лимон
  • 2 лажички морска сол
  • Маслиново масло
  • 2 крпи

1. Измешајте ги оцетот и водата и еден дел од крпата потопете во оваа мешавина и избришете ја даската.

2. Лимонот исечете го на половина. Едната половина натопете ја во сол и втријте убаво во даската. Повторете неколку пати.

3. Другата половина на крпата натопете ја во маслиново масло и и со кружни потези протријте по даската. Вишокот масло избришете го со крпа. Маслиновото масло има функција да го заштити дрвото.

2-super-trikovi-za-temelno-chistenje-na-daskata-za-sechenje-02.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
7 предмети во домот што можете да ги исчистите со храна Дезинфицирајте ја даската за сечење со лимон и исчистете ја скарата на жар со кр...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...

Најчитани неделава