Зошто не треба да ги чувате јајцата во вратата од фрижидерот?

Постојаните промени на температурата можат да доведат до расипување на јајцата.

zoshto-ne-treba-da-gi-chuvate-jajcata-vo-vratata-od-friziderot-01.jpg

Речиси сите кога го отвораме фрижидерот прво што ни паѓа во очи се јајцата складирани на вратата. Во голем дел од фрижидерите, дури постои и специјално место направено за тоа.

Чувањето на јајцата во фрижидерот ги одржува подолго време свежи отколку чувањето на собна температура, но дали сте знаеле дека чувањето на јајцата во вратата од фрижидерот е погрешно според експертите?

Како причина за ова се наведува дека јајцата складирани на овој начин постојано се изложени на ненадејна промена на температурата, при секое отворање и затворање на вратата од фрижидерот повеќе пати во текот на денот. Тоа прави да се расипуваат побрзо отколку кога се чувани на константна температура.

zoshto-ne-treba-da-gi-chuvate-jajcata-vo-vratata-od-friziderot-02.jpeg

Сара Бенвел од познатиот кулинарски сајт „Good Housekeeping“ вели дека најдобро е јајцата да ги чувате во кутија на средната полица во фрижидерот, затоа што таму температурата е најконстантна, дури и кога фрижидерот се отвора и затвора повеќе пати.

Исто така, чувајте ги настрана од сурово месо за да избегнете контаминација.

Експертите препорачуваат јајцата да ги извадите од фрижидерот 30 минути пред готвењето и да ги чувате на соба температура, за нивната корупка да не пукне при ненадејна промена на температура.

zoshto-ne-treba-da-gi-chuvate-jajcata-vo-vratata-od-friziderot-03.jpeg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
11 работи што никако не треба да ги чувате до шпоретот Звучи логично да ги чувате зачините до шпоретот за да ви бидат при рака кога гот...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...

Најчитани неделава