Загадувачи на воздухот кои веројатно ги имате дома

Постојано зборуваме за аерозагадувањето на отворено, но, понекогаш несвесно, сами го загадуваме воздухот додека сме дома, во затворена просторија.

zagaduvaci-na-vozduhot-koi-verojatno-gi-imate-doma-001.jpg

Да почнеме со мали чекори, да се заштитиме колку што можеме и колку што е во наша моќ, барем кога станува збор за нашиот дом.

Не велиме дека општата ситуацијата ќе стане подобра ако престанете да палите свеќи или да користите лак за коса, но ако сакате да делувате локално и да се заштитите себеси и најблиските, и најмалите чекори може да имаат големо значење.

Имајте на ум дека овие загадувачи на воздух сигурно ги имате на дома и треба поретко да ги користите:

Спрејови

Освен што се загадувачи на просторот во кој престојуваме, исто така спрејовите од типот на дезодоранси, лак за коса, сув шампон во спреј, придонесуваат за загадување на отворено.

Освежувачи на просторот

Можеби сакате кога дома мириса на ванила или цимет, но многу средства за таа намена се големи загадувачи на воздухот.

Хемиско чистење

Ако етикетата на вашата облека бара исклучиво хемиско чистење, размислете двапати. Едно истражување од 2011-та година открила остатоци од канцерогени супстанци на облеката која ја носиме дома по хемиско чистење. Посебно опасни се ткаенините од волна, полиестер и памук.

Свеќи

Мирисливите свеќи може да емитуваат безбоен отровен гас познат како формалдехид. Ако навистина обожавате свеќи, купувајте ги оние од чист восок, без додатоци.

Камин

Каминот, иако е топол и пријатен, знае да биде опасен. Кога дрвото гори, но и кога го чистите од насобраниот пепел, воздухот во околината станува полн со јаглерод моноксид.

Извор

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...

Најчитани неделава