Почнете уште денес: 30-дневен предизвик за чистење

Никогаш не е доцна да го започнете овој 30-дневен предизвик за чистење. Доколку сте презафатени и немате време за генералка, овој предизвик е совршен за вас. Секоја обврска ќе ви земе од 20 минути до еден час од денот, а за еден месец вашиот дом ќе блеска. 

30-dneven-predizvik-za-chistenje-01.jpg

Ден 1: Исчистете ги микробрановата печка и рерната.

Ден 2: Исчистете ја машината за садови, тостерот и другите електронски направи во кујната.

Ден 3: Исчистете го шпајзот.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-02.jpg

Ден 4: Исчистете го фрижидерот.

Ден 5: Организирајте ја храната во домот и фрлете го она што е расипано.

Ден 6: Исчистете го лавабото во кујната и просторот под него.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-03.jpg

Ден 7: Исчистете ги плочките во кујната и измијте ја корпата за ѓубре.

Ден 8: Исчистете го шпоретот, кујнските површини и подот во кујната.

Ден 9: Исчистете ги фиоките и висечките елементи во тоалетот.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-04.jpg

Ден 10: Фрлете ги сите дребулии и ситници од домот што не ви се потребни.

Ден 11: Исчистете ја кадата, туш кабината, завесите во тоалетот и плочките во тоалетот.

Ден 12: Исчистете ја тоалетната школка, огледалото, подот и останатите површини во тоалетот.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-05.jpg

Ден 13: Исчистете ги сите огледала, прозорци и завеси во домот.

Ден 14: Средете го гардероберот и ослободете се од непотребната облека.

Ден 15: Исчистете го душекот, исперете ги перниците, постелнината и ќебињата.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-06.jpg

Ден 16: Сметете со правосмукалка, избришете ги подовите и не заборавајте на просторот под покуќнината.

Ден 17: Исчистете ја покуќнината, ѕидовите и украсите во домот.

Ден 18: Исперете ги перниците и прекривачите од дневната соба, како и креветите.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-07.jpg

Ден 19: Исчистете ги теписите, килимите и масите.

Ден 20: Исчистете го телевизорот и целата електроника.

Ден 21: Ослободете се од сè што не ви е потребно.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-08.jpg

Ден 22: Сметете со правосмукалка, метла или џогер, и исчистете под мебелот.

Ден 23: Исчистете ги ѕидовите и украсите.

Ден 24: Исчистете ги прозорците, ролетните и завесите.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-09.jpg

Ден 25: Исчистете ги работните маси, столовите и ѕидовите и фрлете ги останатите непотребни предмети.

Ден 26: Исчистете ги полиците со книги и ослободете се од книгите што не ви се потребни.

Ден 27: Исчистете ја машината за алишта и сушалната.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-10.jpg

Ден 28: Исчистете ја терасата или тремот.

Ден 29: Исчистете го автомобилот. Не ја заборавајте внатрешноста.

Ден 30: Исчистете ја правосмукалката и предметите за чистење.

30-dneven-predizvik-za-chistenje-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава