5 правила за користење на клима уредот кои многумина ги забораваат

За да ги издржат високите температури, многумина уживаат во придобивките од климата. Иако ни помагаат, кога не се користат правилно, овие уреди можат да бидат многу штетни за нашето здравје. 

5-pravila-za-koristenje-na-klima-uredot-koi-mnogumina-gi-zaboravaat-01.jpg

За да не завршите на лекар со некои од симптомите кои се манифестираат како силна главоболка или вкочанети мускули, никогаш не ги прекршувајте овие правила.

1. Разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не смее да биде премногу голема, поточно не треба да надминува од 7 до 10 степени.

Телото нема да може да се адаптира на промените во температурата во овој краток временски период, па може да дојде до „шок“ што негативно влијае на здравјето.

Доколку сте долго време изложени на ладниот воздух, ова ќе влијае и врз вашиот метаболизам и циркулација.

5-pravila-za-koristenje-na-klima-uredot-koi-mnogumina-gi-zaboravaat-002.jpg

2. Најздравиот начин да останете во просторијата е прво да ја оладите, а потоа да ја исклучите климата.

Пред да излезете надвор, вашето тело треба неколку минути да се адаптира без клима, за да го издржи „шокот“.

Посебно внимание треба да се посвети на најмладите, бидејќи престојот во климатизирана просторија може да доведе до инфекции на ушите и други бројни проблеми.

3. Одржувањето и чистењето на климата е исто така важно.

Филтерот, преку кој се лади воздухот, треба да се чисти најмалку еднаш годишно, бидејќи влажната површина е идеална за развој на штетни микроорганизми, од кои некои можат да предизвикаат пневмонија.

Клима уредот треба и да се дезинфицира со соодветни средства.

Pet zakoni za koristenje na klimata koi ne treba da gi prekrsite 02

4. Климатизерот никогаш не смее да дува директно во вас. Исто така, ништо не треба да му пречи на протокот на воздухот.

На правилното функционирање на вентилот може да му пречи мебелот во кој дува, па ако е потребно, направете реорганизација во собата за оптималното функционирање на климатизерот.

Pet zakoni za koristenje na klimata koi ne treba da gi prekrsite 03

5. Обрнете внимание на тоа колку топлина влегува во собата низ прозорците во текот на денот.

За поекономично трошење на електричната енергија, во зависност од тоа колку е силно сонцето, отворете ги или затворете ги прозорците, за да не влезе премногу топлина во просторијата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
11 работи што никако не треба да ги чувате до шпоретот Звучи логично да ги чувате зачините до шпоретот за да ви бидат при рака кога гот...
Осум работи кои е редно време да ги фрлите од подрумот (нема да ви недостасуваат) Ролери од детството на кои има фали тркалце, расипани сијалички за елка, четири ...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Осум трикови како да ја намалите прашината во домот Затворајте ги прозорците и вратите, редовно менувајте ја постелнината и чешлајте...

Најчитани неделава