5 домашни растенија кои го прочистуваат воздухот

Како што наближува зимата, повторно се актуелизира темата за присуство на ПМ честичките во градскиот воздух. Но, затворениот простор, исто така, не е лишен од загадување.

5-domashni-rastenija-koi-go-prochistuvaat-vozduhot-001.jpg

Освен надворешните влијанија, дополнителни фактори кои придонесуваат кон загадување на просториите се: нередовно проветрување, чад од печки, средства за чистење, пестициди, разни градежни материјали итн.

Некои од почестите токсини присутни во домот се: трихлоетилен (присутен во лепак, бои, лакови), формалдехид (безбоен гас присутен во градежни материјали), ксилен (безбојна течност без мирис која се користи во моторни масла, бои, антифриз, адезиви) и бензен (ароматично соединение присутно во фарби, детергенти, пестициди, пластични производи).

Сето ова може да има сериозни последици за здравјето пропратени со главоболки, замор, проблеми со дишење, астма, а во посериозни случаи и тумор. Според тврдењето на Светската здравствена организација, околу 4,6 милиони луѓе годишно умираат од болести предизвикани од загаден воздух. 

Но, некои растенија кои можат да се одгледуваат во домашни услови имаат природни својства да ги прочистуваат токсините од воздухот.

Кои растенија треба да ги чувате во домот за почист воздух?

1. Гербер

Герберите се декоративни растенија со впечатливи бои, што ги прави петто најпопуларно цвеќе што се користи во аранжирање букети, а сè почесто се чуваат во домовите.

Потребно им е големо количество на светлина и преферираат влажна почва, а предност е што се издржливи на променливи температури и се безбедни за миленици.

5-domashni-rastenija-koi-go-prochistuvaat-vozduhot-02.jpg

2. Фикус Бенџамин

Фикусот го прочистува воздухот од бактерии и мувла и е едно од растенијата на кои не им е потребно преголемо внимание.

Потребно е да се чува на индиректна светлина, бидејќи директната изложеност на сонце може да му ги изгори листовите. Исто така, може да биде отровен за домашни миленици.

5-domashni-rastenija-koi-go-prochistuvaat-vozduhot-03.jpg

3. Алое вера

Ова растение е познато по својот гел кој се користи во козметиката и има лековити својства, а прочистувањето на воздухот е едно од нив.

Алое верата ги прочистува токсините кои произлегуваат од издувни гасови, чад од цигари, дрво јаглен и слично, на тој начин што го апсорбира јаглерод диоксидот од воздухот, а испушта голема количина кислород.

5-domashni-rastenija-koi-go-prochistuvaat-vozduhot-04.jpg

4. Сансеверија

Позната уште како индијанско перо, Сансеверијата е растение кое расте вертикално и може да достигне до речиси еден метар.

Погодна е за оние кои не можат да посветат многу време на одгледување растенија, бидејќи ретко се наводнува.

Во текот на ноќта ослободува поголеми количини кислород и го зголемува квалитетот на воздухот, па затоа се препорачува да се чува во спалната соба.

5-domashni-rastenija-koi-go-prochistuvaat-vozduhot-05.jpg

5. Ѓаволски бршлен

Интересното име на ова растение доаѓа од неговата невообичаена способност за преживување, бидејќи останува зелено дури и кога се чува во темница, а тоа го прави навистина лесно за одгледување.

Се одликува со срцевидни листови и може да расте во било која насока. Ги прочистува токсините бензен, формалдехид, ксилен и толуен.

Сепак, бидете внимателни доколку чувате домашно милениче, бидејќи проголтувањето на растението може да му предизвика иритација и мачнини.

5-domashni-rastenija-koi-go-prochistuvaat-vozduhot-06.jpg

А. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Совети со кои фрижидерот секогаш ќе ви биде беспрекорно чист (и храната нема да се расипува) Не ја чувајте храната во кеси туку во соодветни кутии и немојте да го преполнува...
Кафе, квасец: Производи во кујната што ги чуваме погрешно, па најчесто ги фрламе Шеќер - Препорачливо е шеќерот да го купувате во ограничени количини, бидејќи е ...
9 работи кои ја нагрдуваат бањата (и гостите секогаш ги забележуваат) Ви се случило ли да влезете во бањата (своја или туѓа) и да не сакате да останет...
Едноставни трикови како да ја декорирате новогодишната елка, за да изгледа раскошно Со доаѓањето на новогодишните празници, убаво накитената елка станува главен дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg