6 начини како да ги употребите старите, износени чевли


6 начини како да ги употребите старите, износени чевли

Чевлите се производ кој секој од нас го поседува, и тоа по неколку пара за различни пригоди. Годишно, се произведуваат околу 20 милијарди парови чевли и голем дел од нив во својот состав содржат пластика. Но, каде одат кога веќе не ни користат?

6-nachini-kako-da-gi-reupotrebite-starite-chevli-01.jpg

Некои од нив се донираат, некои се наоѓаат нов сопственик во продавници со производи од втора рака, но повеќето завршуваат во депонија.

Сепак, постојат неколку креативни начини со кои на старите чевли може да им дадете нова примена во домот:

1. Искористете ги како саксии

Во последно време, оваа идеја стана вистински хит во светот - особено гумените чизми. Направете оригинален украс за вашата градина или тераса.

6-nachini-kako-da-gi-reupotrebite-starite-chevli-02.jpg

2. Куќичка за птици од чизми

Старите чизми може да се претворат во засолништа за птиците во зимскиот период. Потребни ви се даски на кои може да ја заковате чевлата, а во отворот може да поставите храна со која птиците ќе можат полесно да преживеат во студените денови.

6-nachini-kako-da-gi-reupotrebite-starite-chevli-03.jpg

3. Направете потпирачи за книги

Старите оштетени потпетици или оние кои веќе не ги носите можат да се претворат во елегантен украс за вашата полица - држачи за омилените книги. Заковајте ги чевлите на цврста и тешка подлога за да бидат доволно стабилни.

Можете да ги декорирате со дополнителни украси или да ги офарбате со боја која ќе одговара на амбиентот во вашата соба.

6-nachini-kako-da-gi-reupotrebite-starite-chevli-04.jpg

4. Од старите апостолки направете подна заштита

Апостолките се направени од мека пена која може да се користи како стопер за врата или заштита на подот од гребнатини. Исечете ги апостолките во соодветна форма и залепете ги под ногарките на тешкиот мебел или масите така што ќе направите мека облога.

6-nachini-kako-da-gi-reupotrebite-starite-chevli-05.jpg

5. Играчки

Старите апостолки исто така може да ги претворите во украси и играчки - заедно со вашите деца направете работилница: исечете ги во разни форми кои потоа може да ги обоите со разни бои или да направите детски печати.

6-nachini-kako-da-gi-reupotrebite-starite-chevli-06.jpg

6. Организатор за накит

Старата чевла може да послужи како организатор за прстени или друг тип на накит. Наполнете ја внатрешноста на чевлата со неколку редови завиткан материјал кој ќе го прицврстите со силиконски лепак.

Меѓу парчињата материјал може да го организирате накитот, а чевлата да ја украсите по ваш вкус.

6-nachini-kako-da-gi-reupotrebite-starite-chevli-07.jpg

А.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставен трик што ќе ѝ ја врати бојата на вашата црна облека Тајната, верувале или не, се крие во вашата кујна и чини навистина малку. Обидет...
16 идеи кои ќе направат да го засакате летото уште повеќе (фото) Доколку летото е вашето најсакано годишно време, за вас имаме 16 одлични идеи со...
5 фатални грешки кои повеќето ги прават при перењето патики Перењето на патиките во машина некогаш е идеално, бидејќи ги чисти совршено, без...

Најчитани неделава