Стресот предизвикан во изолација се лечи со една домашна обврска

Откако веќе 2 недели сте во изолација, а фрижидерот е полн со состојки, може да ја практикувате оваа домашна обврска, или за некој хоби, која докажано го намалува стресот предизвикан од изолација и самотија.

stresot-predizvikan-vo-izolacija-se-leci-so-edna-domasna-obvrska-1.jpg

Првите неколку денови сигурно огорчено се соочувавте со ситуацијата, но сега кога веќе се помиривме со тоа, може да ја вклучиме креативноста.

Месењето печива, односно печењето на колачиња и кифлички, докажано го намалува и канализира стресот.

Дури и мирисите се тесно поврзани со психолошкиот момент на опуштање на мозокот.

Мирисите како ванила ви нудат утеха и е потсетуваат на среќни времиња.

stresot-predizvikan-vo-izolacija-se-leci-so-edna-domasna-obvrska-2_resize.jpg

Магијата на мешањето на состојките, гледањето како нешто се готви или пече, а потоа и консумирањето на истото, е она што може да ве усреќи во моментов.

Прва причина зошто готвењето опушта е што мозокот го оптоварувате со мерки, состојки и нивно мешање, немајќи време да размислувате за секојдневните проблеми.

И втората причина е што го гледате и вкусувате резултатот од вашата напорна работа.

Па, кој рецепт ќе го пробате денес? Разгледајте и соберете некоја идеја – ТУКА.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg