7 предмети кои создаваат вистински хаос во вашата кујна

Дали и ти си од оние луѓе кои упорно повторуваат дека кујната име премала и никогаш нема доволно место за ништо? Понекогаш сме несвесни за вишокот работи кои ги чуваме во неа и кои го создаваат целиот хаос и неред.

7-predmeti-koi-sozdavaat-haos-vo-kujnata-01.jpg

Кои 8 работи најчесто прават кујната да изгледа порастурена одошто треба да биде?

Хартии

Без разлика дали се работи за пошта, сметки, документи, потврди или омилените детски цртежи на вашите малечки, обидете се сите овие хартии да ги држите подалеку од видливите кујнски површини. Едноставно е – нивното место не е во просторот каде што се подготвува храната.

Резервни продукти

Имате огромни резерви на бришачи за раце, конзервирана храна, масло за јадење или брашно? Сето ова го отежнува функционирањето во кујната. Обидете се резервите да ги чувате во остава или шпајз, посебно издвоени и добро подредени, каде што ќе ви бидат лесно достапни, но не и во самата кујна.

Вазни

Кога немаме цвеќе, што се случува прилично често, вазните остануваат празни и тешко е да им се пронајде соодветно место за складирање. Најчесто завршуваат веднаш под мијалникот, а тоа подрачје има доволно проблеми без додавање на гломазно, еднолично стакло.

Очила за сонце

По влегувањето во домот, натоварени со многу ќеси, сите имаме склоност да ги оставиме очилата за сонце онаму каде што го оставаме и товарот – во кујната.

Но, честопати не сме свесни дека кујната, слично како и бањата, е извор на многубројни бактерии, па најдобро е очилата за сонце да ги држиме подалеку од овие две простории.

Клучеви

Сличното сценарио важи и за клучевите, како и за очилата за сонце. Најчесто механички ги оставаме на шанкот или кујнските површини без да размислуваме, а подоцна избезумено ги бараме каде ни се клучевите. Едноставно е – оставете ги веднаш на вратата во клучалката.

Алати

Голем дел од алатите ги чуваме во фиоките во кујната со уште еден тон непотребни ситници кои само ни заземаат простор и ни создаваат неред.

Освен доколку немате само една одвоена фиока за алатот каде што ќе биде соодветно подреден, најдобро е да го чувате подалеку од кујната, воедно и поради тежината со која ќе ги оптоварува фиоките.

Ситни играчки и делчиња од играчки

Лего коцки, мали автомобилчиња, куклички, делови од расипани играчки, сите со текот на времето си го наоѓаат некако своето место – во кујната.

Ништо од овие работи нема да ви е корисно при подготовка на храната (логично), туку само ќе ви пречат и ќе ви заземаат место.

Одвојте што е корисно и вратете го во детската соба, а ослободете се од непотребниот вишок.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
8 трикови со кои кујната нема да биде во хаос откако ќе завршите со готвење Однапред извадете ги сите состојки и сите садови што ќе ги користите, а штом ќе ...
8 работи поради кои спалната соба ви е секогаш хаотична Хаосот од расфрланите продукти за убавина и несредениот накит во спалната секако...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg