Како да отстраните дамки од пудра од облеката?

Едни од најчестите дамки на алишта кај дамите се остатоците од пудра. Особено во пределот на вратот. А, ова, често се случува и кај мажите кои ќе ги бакнат и прегрнат, најчесто несакајќи оставаат траги од пудрата на лицето.

kako-da-otstranite-damki-od-pudra-od-oblekata-01.jpg

Како да се ослободите од овие дамки? Постојат два начини: 

1. Со пена за бричење.

Прекријте ја дамката со пена за бричење. Оставете да отстои 2-3 минути. Потоа протријте силно со прст или со меко чисто парче материјал. Измијте со ладна вода.

Ако има потреба, повторете ја истата постапка со топла вода. На крај, впијте ја водата со чист сув пешкир.

Ставете го парчето облека да се препере во машина и проверете го резултатот.

kako-da-otstranite-damki-od-pudra-od-oblekata-02.jpg

2. Со сјај за садови. 

Втора опција ви е чистење со течен сјај за миење садови. Протријте го сјајот врз дамката. Може да користите и четка за заби.

Внимавајте да не излегувате од просторот со дамката за да не ја проширите пудрата на другите делови од облеката. Исплакнете со ладна вода и исперете го парчето во машина за перење.

Прочитајте и: Одговор од експерт: Колку често треба да го перете градникот?

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи с...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
Грешки поради кои не можете целосно да ги отстраните дамките на облеката (и ги правите поголеми) Ја плакнете дамката со жешка вода, ја триете и мешате средства за отстранување д...
7 работи што лесно можете да ги исчистите со пена за бричење Ако го исчистите огледалото во бањата со пена за бричење, нема да се замаглува к...
Како да го отстраните статичкиот електрицитет од облеката (и зошто се појавува)? Статичкиот електрицитет повеќе се појавува на облека од синтетички материјали, п...

Најчитани неделава