-->
8 грешки со кои несвесно си ја уништувате кујната и сè во неа
Секојдневните навики кои ги имате понекогаш прават сами да си го уништувате изгледот на кујната – кои се грешките од кои треба да се откажете.
Понекогаш не сме ни свесни дека сами си ги уништуваме работите околу нас.
Ако сакате да имате уреден дом со совршен изглед, тогаш не е доволно само да го уредите дизајнерски.
Ако не го одржувате, за многу кратко време ќе уништите се околу вас и домот ќе добие застарен изглед, а многу од работите веќе нема да ви бидат функционални.
Кои грешки ги правите во кујна?
Користите салфети или бришач наместо крпа – некои хартии се абразивни и ја гребат работната површина
Ги ставате ножевите еден до друг натуткани – треба да ги чувате во футрола за подолга трајност
Чистите оцет за секакво чистење – иако многу површини се чистат со оцет, избегнувајте го кај гранитни, мермерни, камени и дрвени површини
Мешате топли смеси во блендер – топлината не е препорачлива за блендерите со чаша и капак, има специјални блендери кои се ставаат во тенџере за миксирање смеса
Користите стаклени и други нежни даски за сечкање – со тек на време ножот ја уништува, изберете квалитетна пластика или дрво
Фрлате лушпи и семки од зеленчук во одвод од лавабо – со ова ризикувате затнување, секогаш користете посебен сад, кеса или салфети за лупење и чистење
Користите силни и несоодветни средства за цел мебел – имајте на ум дека постојат средства за различни материјали со причина
Дрвените садови ги ставате во машина за садови – повеќето дрвени садови треба да избегнувате да ги миете во машина заради екстремно топлите температури
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

10 работи кои се виновни за хаосот во вашата кујна (и време е да ги фрлите)
Стари кујнски апарати што ги немате вклучено со години, празни запалки, безброј ...

10 грешки при перењето со кои несвесно ја уништувате облеката
Не ја одделувате облеката според боја и материјал и скоро никогаш не ја чистите ...

Наместо „генералка“ пред празниците – што да правите секој месец од годината за беспрекорно среден д...
Во јануари средете ги новогодишните украси, во февруари исчистете ја кујната, а ...