Не користете премногу прашок, додадете сода бикарбона: Како до мека облека која се суши побрзо?

Кога ја переме облеката, најчесто се држиме до мерките на машината и на прашокот за мерката колку да дозираме, колку омекнувач да ставиме и сл. Но, честопати, облеката знае по перењето да биде крута и да не мириса совршено.

ne-koristete-premnogu-prasok-dodadete-soda-bikarbona-kako-so-meki-alista-koi-brzo-se-sushat-01.jpg

Зошто се случува ова?

Одговор на ова дава Шенон Лаш, австралиски гуру за домаќински работи, која советува дека најпрво треба да внимавате колку прашок ставате. Клучот лежи во користење на помала количина на прашок за перење.

„Прашоците се производи на база на масти, а преголема количина може да остави траги на облеката“ – истакнува Лаш.

„Знаете зошто вашите пешкири стануваат крути и непријатни после перење и сушење? Затоа што сте користеле премногу прашок на база на масти, кој се лепи на ткаенината и по сушењето се стврднува. Споредете го ова со путер во жешка тава – тој ќе се стопи, но кога ќе се олади повторно ќе се стврдне. Така е и со пешкирите – тие од машината излегуваат убави и меки, но еден ден подоцна повторно се груби“ – истакнува Шенон.

Таа открива дека доволно е да користите 1/8 од целата препорачана доза прашок за облека кога машината е со предно полнење. За машини со горно полнење, потребно е да се стави ¼ од наведената доза.

ne-koristete-premnogu-prasok-dodadete-soda-bikarbona-kako-so-meki-alista-koi-brzo-se-sushat-03.jpg

Ова се нејзините 4 совети за перење:

1. Во делот за прашок додадете две лажици сода бикарбона и две лажици бел оцет.

2. Не употребувајте омекнувач.

3. Употребете помалку прашок од препорачаното на амбалажата.

4. Ако имате машина за сушење, заедно со облеката ставете и една чиста памучна крпа.

Оцет за најдобри резултати:

За најдобри резултати никако не го прескокнувајте првиот чекор. Сода бикарбоната и оцетот ги омекнуваат алиштата, не оставаат мирис и овозможуваат мократа облека да се суши трипати побрзо.

Напомена: Ова не значи дека овие совети со сигурност ќе ви одговараат и на вас. Доколку не сте задоволни од перењето, пробајте го овој начин, па видете дали ќе имате ефект. 

Прочитајте и: Што оди во машина за перење закопчано, а што откопчано?

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава