Проверени трикови - Како да го средите цел дом за 15 минути, без напорно чистење на хаосот?

Чистењето и средувањето по дома ретко на кого му се уживање, па затоа побаравме методи кои даваат долгорочен и проверен резултат.

provereni-trikovi-kako-da-go-sredite-cel-dom-za-15-minuti-001.jpg

Важно е точно да ги одредите приоритетите, за да успеете за 15 минути да си го средите целиот дом, секако, во услови на редовно одржување, а не кога се прави „генералка“.

Колку почесто го применувате ова правило, толку поретко ќе имате потреба да поминете цел ден во напорно чистење на хаосот.

Дефинирајте што за вас значи чисто.

Поточно, што ви претставува стрес. Дали тоа се отпечатоците на стаклото, трошките или трагите од чевли на подот?

Поминете по 5 минути во различна соба

Држете се до правилото 5-5-5. Одберете 3 соби во кои најмногу поминувате време и поради тоа најбрзо се валкаат.

Клучот е во нив да се задржите на брзо и лесно чистење.

5 минути – Дневна соба

Дневната соба е најлесната просторија за чистење. Избришете ги прашливите масички и телевизорот.

Здиплете ги сите ќебиња и распоредете ги перничките како што би требало да стојат. Пребришете го подот со џогер.

Тргнете ги сите книги, играчки, папучи и слично.

Овој систем може да го примените и во спалната соба. Во неа, секогаш започнете од средување на креветот.

5 минути – Кујна

Постојат два трика како да ја одржите кујната во ред – празен мијалник и празна работна површина без чинии и чаши.

Ставете ги сите садови во машина. Трудете се да не оставате разни садови на работните површини.

5 минути – Тоалет

Нанесете средства за чистење и против бигор во тоалетната школка и на мијалникот. Додека делуваат, исчистете го огледалото.

Валканата облека ставете ја во машина или во корпата за облека.

Исчистете ги местата на кои ги нанесовте средствата и само пребришете го подот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg