Goupil Le Fol – Кафуле во срцето на Брисел кое потсетува на музеј

На неколкуте ката и тесните премини и скали ќе откриете ѕидови натрупани со книги, полици со сувенири, еден куп уметнички слики, црно-бели фотографии кои го отсликуваат францускиот живот, фотографии од кралеви и кралици на Белгија, скулптури на Света Богородица и Исус, стрипови за Тинтин...

goupil le fol magicno kafule vo srceto na brisel koe potsetuva na muzej 6

Секој град има скриени локали кои не се наменети за секого. Тоа се места кои имаат своја посебна приказна на постоење и им се откриваат само на оние што сакаат да избегаат од секојдневието и монотонијата што се прелива околу нив.

Ако периодот патувате во Брисел запомнете ја оваа адреса: Rue de la Violette 22, местоположбата на локалот Goupil Le Fol кој скоро 50 години е збирно место на интересни локалци и залутани туристи.

Локалот е отворен само навечер, поточно од 16 часот па сè до 2 после полноќ. Доволно е да се знае само ова и уште веднаш да добиете желба да влезете во необичните простории на ова кафуле кое се наоѓа близина на Гранд Плас.

goupil le fol magicno kafule vo srceto na brisel koe potsetuva na muzej 15

Дури и ако случајно поминете покрај Goupil Le Fol, самата фасада може да ви ја заскокотка љубопитноста и да фрлите поглед на она што се наоѓа токму пред вас.   

goupil le fol magicno kafule vo srceto na brisel koe potsetuva na muzej 18

Мислам дека зборот „волшебно“ е соодветниот збор што го опишува ова кафуле. Позиционирано во самото срце на градот, ова најверојатно ќе биде едно од најуникатните места што некогаш сте ги виделе... Или ќе го видите во Брисел!

goupil le fol magicno kafule vo srceto na brisel koe potsetuva na muzej 19

Goupil Le Fol е своевиден лавиринт, простор каде се ослободува човечката имагинација и се отвора еден портал кој ќе ни го разбуди детето во себе.

На неколкуте ката и тесните премини и скали ќе откриете ѕидови натрупани со книги, полици со сувенири, еден куп уметнички слики, црно-бели фотографии кои го отсликуваат францускиот живот, фотографии од кралеви и кралици на Белгија, скулптури на Света Богородица и Исус, стрипови за Тинтин...

Тука се и знамињата од различни земји во светот, џубокс со заслепувачки неонски светилки и бројни каучи и фотелји кои се погодни за водење долги дискусии и барање на смислата на животот.  

goupil le fol magicno kafule vo srceto na brisel koe potsetuva na muzej 7

Понекогаш скоро е невозможно да најдете слободно место во Goupil Le Fol, па мора да чекате да се ослободи некоја маса.

Ова кафуле е идеално за сите оние што сакаат со тивка музика и пријатно друштво да си ја поминат вечерта, а совршено е и за љубовен состанок.

Мислам дека местото дава уште поголема длабочина на секој сегмент и секој изговорен збор таа вечер.

goupil le fol magicno kafule vo srceto na brisel koe potsetuva na muzej 1

Со чаша вино, пиво или некој од бројните коктели, дајте си можност да се почувствувате како лик од некој авантуристички роман кој ќе ве одведе до богатството по коешто трагате со години!

goupil le fol magicno kafule vo srceto na brisel koe potsetuva na muzej 10

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кафуле во Белград е мини рај со зајчиња - можете да пиете кафе додека ги галите (фото) Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршени...
Локал покрај карпа на Тасос е совршен за гледање зајдисонце - има и ноќни журки со диџеи (фото) Ако сакате да гледате совршено зајдисонце во модерна, но релаксирачка атмосфера,...
На гости кај Тијана: Совршено уреден стан од 76m2 во скопската населба Илинден, со детска лизгалка (... „Започнавме од нула и сега сме пресреќни. Не е можеби нешто големо, но за нас е,...
Никола од Скопје ја накити елката во ноември: „Верувам дека тие што порано внесуваат празнична атмос... „Елката ја чувам накитена до крајот на јануари. Некои велат дека е долго, но јас...
На гости кај Македонци во Виена: Детската соба на Тифани (3) има гардеробер со 30 пара чевли и е под... „На само 5 месеци Тифани имаше околу 30 пара чевлички. Организацијата ми е многу...
На гости кај малата модна инфлуенсерка Галена: Куќа во Скопје, која во секоја соба има новогодишна е... „Во нашиот дом ставаме многу новогодишни елки, поточно во секоја соба, за да има...

Најчитани неделава