8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен 

Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличен избор со кој ќе го освежите домот.

8-boi-so-koi-kje-go-osvezhite-domot-ovaa-esen-01.jpg

Ако планирате да реновирате или само сакате да го освежите домот, важно е да ги изберете правилните бои.

Во есен, земјените и жолтите тонови ни изгледаат како логичен избор, но исто добро можат да изгледаат и нијанси како корална црвена.

Кои бои да ги искористите оваа есен, според експерт за уредување и бои?

Боја на килибар

Нијансите на жолта се првото нешто што нè асоцира на есен, а кога станува збор за домот, добро се вклопуваат со речиси сите други бои.

Доволно е да додадете само некој детаљ со оваа нијанса, како перници.

8-boi-so-koi-kje-go-osvezhite-domot-ovaa-esen-02.jpg

Пастелна розова

Дали поради Барби манијата или нешто сосема друго, розовата боја е хит периодов.

За во домот, пастелните нијанси на розова можат да изгледаат навистина добро.

8-boi-so-koi-kje-go-osvezhite-domot-ovaa-esen-03.jpg

Темносина

Темносината боја му дава богат изглед на просторот, а притоа додава и длабочина.

Изгледа одлично на ѕидови, но можете да ја вметнете и со помали детали, како перничиња или украси.

8-boi-so-koi-kje-go-osvezhite-domot-ovaa-esen-04.jpg

Кафеава

Земјените тонови се совршен избор ако сакате да ја внесете есента во вашиот дом.

Пријатни се и релаксирачки, а и секогаш го прават просторот поудобен.

8-boi-so-koi-kje-go-osvezhite-domot-ovaa-esen-05.jpg

Продоложува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...

Најчитани неделава