Претворете ја кујната во омилено место од домот: Фенг шуи совети за правилно уредување

Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите советуваат да ја промените бидејќи водата ќе се одрази на вашите финансии. На кои други детали во кујната треба да обрнете посебно вниание, според Фенг шуи?

pretvorete-ja-kujnata-vo-omileno-mesto-od-domot-feng-sui-soveti-za-pravilno-ureduvaje-01.jpg

Кујната е еден од најважните простoри во домот, па затоа при нејзино уредување треба да се посвети посебно внимание.

Според Фенг шуи експертите, положбата на кујната и бојата која преовладува, можат многу да влијаат на здравјето и среќата.

Добро дизајнирана кујна има многу предности. Најпрво поради функционалноста, а потоа и поради естетскиот момент.

Најважно е претходно добро да го имате испланирано секој детаљ.

feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-kujna-05.jpg.jpg

Поголемиот дел од денот го поминуваме во кујната. Готвењето може да создаде мрсни дамки па Фенг шуи експертите велат дека доколку сакаме среќа во домот, секогаш мора да ја одржуваме кујната чиста.

Треба да ја избришеме работната површина, да ги измиеме садовите и да ги отстраниме маснотиите по готвењето.

Светлината е извор на добра енергија, па поради тоа светлата во кујната треба да бидат силни, а просторот да биде соодветно осветлен.

feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-kujna-07.jpg.jpg

Прегледајте ги сите кујнски елементи и фрлете ги оние кои повеќе не ги користите. 

Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите советуваат да ја промените бидејќи водата ќе се одрази на вашите финансии.

feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-kujna-03.jpg.jpg

Ако кујната се наоѓа на југ или југозапад декорирајте ја во светли бои.

Фенг шуи експертите советуваат тоа да биде нежно црвена боја, жолта, темно портокалова или виолетова.

feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-kujna-02.jpg

Доколку кујната е свртена кон запад, фенг шуи препорачува да се одлучите за бела, сива или светло кафена боја.

Белата и сивата боја се препорачуваат и за кујна која се наоѓа на север и северозапад. Во ваков случај можете да користите и сина и црна боја кои ќе донесат проток на позитивна енергија.

feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-kujna-04.jpg.jpg

Изборот на вистинските материјали исто така значително влијае на целокупниот изглед и чувство на вашата кујна.

feng-sui-soveti-za-ureduvanje-na-kujna-08.jpg.jpg

Секогаш одбирајте издржливи и лесно одржливи опции за работни површини.

Најчесто користени материјали кои даваат и додатна нота на елеганција се природниот камен, кварцот и тврдото дрво кои истовремено се и најиздржливи.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретр...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...

Најчитани неделава