Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари?
Сменете ги рачките на шкафчињата и фиоките
Купете уникатни рачки за шкафчиња и фиоки и заменете ги старите.
Ова веднаш ќе ги освежи елементите и ќе му даде подобар изглед на просторот.

Купете поскапи украси
Ако не можете да купувате скап мебел, тогаш разубавете го домот со поскапи и поквалитетни украси и декорации.
На пример, ставете раскошна вазна на старата маса или ставете убави перничиња на каучот во дневната.

Лакирајте ги дрвените маси и столови
Еден слој боја може да направи драстична разлика во изгледот на дрвените маси и столови.

Затскријте го истрошениот кауч со перници и прекривки
Ако гарнитурата ви изгледа премногу застарено, секогаш можете да ја покриете со убава прекривка и да ставите по некоја декоративна перница.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно
Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино
Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете
Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит
Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби)
Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та
Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...