4 начини визуелно да ги одвоите кујната и дневната

Кујнскиот полуостров не само што ќе ви помогне визуелно да ги одвоите дневната и кујната, туку е и практичен. Уште 3 стилски начини на кои може да го направите тоа. 

4-nachini-vizuelno-da-gi-odvoite-kujnata-i-dnevnata-01.jpg

Во многу домови, кујната и дневната, а со тоа и трпезаријата, се всушност во истата просторија.

Иако во овој распоред нема ништо лошо, доколку сакате да изгледаат како посебни катчиња, нема потреба да преградувате со ѕидови.

Всушност, постојат трикови со кои визуелно ќе ги одвоите кујната и дневната.

Четири идеи во продолжение:

Кујнски полуостров

Кујнскиот полуостров се разликува од класичниот кујнски остров бидејќи на едниот крај е споен со ѕидот.

И, е одличен избор за визуелно одвојување на кујната и дневната бидејќи има и практична намена.

Доколку немате простор за полуостров, секогаш можете да постигнете ист ефект и со шанк со помали димензии.

4-nachini-vizuelno-da-gi-odvoite-kujnata-i-dnevnata-02.jpg

4-nachini-vizuelno-da-gi-odvoite-kujnata-i-dnevnata-03.jpg

Мебел со контрастна боја

Ако кујната има понеутрална боја, можете да ја одвоите ако во дневната ставите мебел со контрастна боја.

А, и не мора да го менувате целиот мебел.

Доволно е да ставите фотелја или што било со контрастна боја на „границата“ помеѓу кујната и дневната.

4-nachini-vizuelno-da-gi-odvoite-kujnata-i-dnevnata-04.jpg

4-nachini-vizuelno-da-gi-odvoite-kujnata-i-dnevnata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
5 трикови со кои визуелно ќе го зголемите малиот ходник Големото огледало е идеално за мали простории бидејќи визуелно го зголемува прос...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...
Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретр...

Најчитани неделава