Ситници во домот кои откриваат дека не е реновиран со години (како да сме кај баба и дедо на гости)
Дали мебелот ви е во еден стил и боја, завесите ви се кратки до висина на прозорецот, имате ретро плочки во бањата или цвеќињата ги оставате во саксиите во кои сте ги купиле со тацна под нив?

Секој има право да си го уреди домот како што сака и да го реновира кога сака или е во можност.
Но, доколку сакате да следите современ и модерен изглед на ентериерот, тогаш треба да се потрудите да промените некои работи во уредувањето.
Не мора да правите реновирање од корен, доволно е да отстраните некои старовремски парчиња мебел и декорации и да ги замените со нови.
Ситници кои оддаваат впечаток како да сме кај баба и дедо на гости:
Кратки завеси, посебно доколку се шарени

Бели, пластични домаќински апарати и додатоци

Униформиран мебел во еден стил и боја

Лустер како единствен извор на светлина

Старовремски плочки во бањата

Цвеќиња во класичните саксии во кои се продаваат со тацна под нив (наместо да се префрлени во поубави)

Кујна во силни бои или целосно дрвена

Шарени тапети со цветни и слични мотиви кои бодат очи

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно
Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино
Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел)
Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете
Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит
Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби)
Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...