10 трикови како да го организирате хаосот во кујната, ако сте зависници од подредено „под конец“
Ако не сакате хаос, мразите кога сите работи се расфрлани во една фиока, немате место за убаво наредени чаши како што посакувате и ви недостасува простор во кујната - овие совети се за вас.
Колку и да мислиме дека не ни треба голема кујна, со текот на живеењето, работите се таложат и полека снемуваме место за да ги чуваме онака како што сакаме - средено и организирано.
Но, дури и кога имате помала кујна, можете да се потрудите да направите добра организација на просторот и никогаш да не ви изгледа хаотично.
Неколку совети за сортирање, организација и складирање:
Искористете го просторот под горните елементи за додатоци на кои може да се постават чаши за вино

Чувајте ги зачините во теглички во фиока, со натпис на нив за прегледност, наместо во куп кесички

Поставете магнетна лента или друг додадок за со закачалки, за закачување ножеви, тави или големи лажици на ѕид

Купете организер кој најмногу одговара на големината на вашата фиока за максимално да го искористите просторот и ништо да не е надвор од своето место

Чувајте ги тавите, капаците и послужавниците вертикално со прегради за да не правите хаос ако се поставени едно врз друго на куп

Инвестирајте во проѕирни садови за складирање различни типови намирници, наместо сите да се во кесички, непрегледни и да се истураат

Свежите намирници ставајте ги во корпи наместо хаотично во пазарски ќеси – независно дали треба да се надвор или во фрижидер

Поставете организери во фиоките и за дрангулии кои ги чувате во кујна – како ластичиња, цевки, ќесички, фолии и други додатоци кои вообичаено се затрупани едно со друго

Детергентите и производите за чистење, како и додатоците за машина, исто така чувајте ги сортирани во кутии под лавабото

Организирајте го фрижидерот по полици – на една млечни производи, на друга тегли и конзерви со храна, а наместо во хартии, чувајте ги намирниците во соодветни кутии

M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер
Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит
Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан
Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно
Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел)
Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет трикови за уредување со кои ќе му дадете француски шарм на домот
Долги завеси, винтиџ мебел и суптилни златни детали.
Долги завеси, винтиџ меб...