Предлози со кои ходникот ќе изгледа средено и стилски

Плакарот со повеќе намени во кои можете да ставите палта, чевли, но и да седнете, е идеален за секогаш среден ходник.

5-predlozi-so-koi-hodnikot-kje-izgleda-sredeno-i-stilski01.jpg

Ходникот е првото нешто што го гледате кога влегувате дома, па важно е да биде среден.

Ако сте како повеќето, веројатно на располагање имате ограничен простор, но со неколку трикови можете да го средите во удобно катче кое не изгледа хаотично.

Неколку идеи што ќе ви бидат од корист:

Плакар со повеќе намени

Препорачливо е максимално да го искористите просторот во ходникот, а повеќенаменските плакари се идеални за ова.

Во зависност од просторот што го имате, потрудете се да има место за чевли и палта, како и простор за седење.

5-predlozi-so-koi-hodnikot-kje-izgleda-sredeno-i-stilski-02.JPG

Паметно поставено огледало

Огледалото визуелно ќе го зголеми просторот, но важно е и каде е поставено.

Ако имате долг и тесен ходник, ставете го огледалото на крајниот ѕид.

Доколку ходникот е краток, но поширок, тогаш ставете го на страничните ѕидови.

5-predlozi-so-koi-hodnikot-kje-izgleda-sredeno-i-stilski-08.JPG

Важна е бојата на тепихот

Без разлика дали ставате килимче или тепих, важно е внимателно да ја изберете бојата.

Избегнувајте ја белата и главно многу светлите бои бидејќи на нив се познаваат и најмалите нечистотии.

5-predlozi-so-koi-hodnikot-kje-izgleda-sredeno-i-stilski-4.JPG

Ставете практични закачалки

Покрај плакарот што го спомнавме на почетокот, ставете и некоја закачалка на ѕидот.

На овој начин веднаш ќе имате каде да ја закачите чантата или палтото кога ќе влезете дома и ходникот секогаш ќе ви биде среден.

5-predlozi-so-koi-hodnikot-kje-izgleda-sredeno-i-stilski-5.JPG

Ако немате многу простор, доволен е и плакар за чевли

Доколку имате минијатурен ходник, тогаш наместо голем плакар, доволно е да ставите само некоја мала комода за чевли.

Нека биде и со простор за седење за да заштедите простор.

5-predlozi-so-koi-hodnikot-kje-izgleda-sredeno-i-stilski-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Како да го организирате малиот ходник за да не изгледа натрупано, а да има место за сè? Однапред размислете што ќе биде скриено и избегнувајте отворени полици. Однап...
5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Трикови за уредување соба со малку природна светлина Ставете големо огледало спроти прозорецот и наместо темни завеси, ставете лесни ...

Најчитани неделава