7 трикови со кои Французите ги претвораат и најмалите станови во софистицирани домови
Ако влезете во домот на некој Французин, прво ќе забележите дека просторот оддава слика на софистицираност и елеганција. Како да го постигнете тоа?
Французите ја обожаваат модата, се грижат за естетиката, уживаат во убавината што ги опкружува.
Токму затоа, меѓу работите на кои внимаваат навистина многу, е и просторот во кој живеат, па го уредуваат со многу љубов.
Ако ѕирнете во домовите на многу Французи, ќе дознаете дека користат неколку трикови со кои го оплеменуваат и најубавиот простор и да го направат шик, без оглед на неговата големина.
Со кои мини трикови Французите успеваат да ги претворат и најмалите станови во елегантни и софистицирани домови?
Паркет како рибина коска
Според уредувачите на ентериер, паркетот во вид на рибина коска е многу пософистициран од ламинатот - а токму такви се подовите во домовите на Французите.
Затоа, ако буџетот ви дозволува да ставите дрвени подови - направете го тоа.
Елегантен лустер
Французите не сакаат „плафоњерки“, туку избираат елегантни и луксузни лустери.
Ако сакате ваков лустер во својот дом, тој нека има елементи од стакло или кристали - тие ќе ја рефлектираат светлината и ќе направат просторот да делува пошироко.
Дополнително - ваквиот лустер е совршен украс во домот.
Архитектонски детали
Французите обрнуваат големо внимание и на деталите, пред сè на таванските лајсни и панелските ѕидови.
Наједноставниот начин да го внесете францускиот шик во вашиот дом е да додадете тавански медалјон над лустерот.
Ако, пак, сакате да го „ископирате“ целиот стил, декорирајте ги ѕидовите со панели - едноставни или боазери (дрвени украсни панели со многу детали).
Микс од стилови и материјали
Се верува дека францускиот стил е мешавина од класика и модерно, но тој е и мешавина од материјали и стилови.
Ентериерот во нивните домови не прифаќа постоење на само еден материјал или боја, напротив, тие не се плашат да комбинираат различни дизајни од различни епохи, палети и текстури - на пример, дрво и позлатен месинг.
Завеси од чаршафи за на маса или од постелнина
Французите имаат традиција да прават завеси од стара постелнина, па дури и од чаршафи.
Тие ги превиткуваат на врвот, ги пеглаат и низ нив шијат прстени, а потоа ги закачуваат како завеси.
Тапети со илустрации
Вообичаено ѕидовите во француските станови се бели, но тие понекогаш знаат да ги украсат со тапети со илустрации од природа, кои ги лепат само на еден од ѕидовите.
Со ова се нагласува просторот во кој живеат.
Интересно е што принтот на ваквите тапети е најчесто инспириран од 18-тиот век и внесува елеганција во собата.
Лаконски, а минималистички и впечатлив мебел
Бидејќи повеќето француски станови се доста мали, гломазниот мебел воопшто не е опција.
Затоа, тие најчесто избираат едноставни, аеродинамични фотелји и софи направени од букле или кадифе, кои се многу впечатливи.
Истовремено, тие одлично се хармонизираат со ѕидовите од панели и не го преоптоваруваат ентериерот.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





