6 трикови за уредување со кои домот ќе изгледа луксузно и скапо (без да потрошите цело богатство)
Мали плочки во кујната и бањата, но и големи огледала кои ќе го освежат просторот. Само затоа што мебелот и деталите во домот се скапи, не значи дека ентериерот ќе делува луксузно.
Само затоа што мебелот и деталите во домот се скапи, не значи дека ентериерот ќе делува луксузно.
Важи и обратното – ако имате поограничен буџет за уредување, не значи дека не можете да направите домот да изгледа луксузно.
Седум трикови за уредување со кои ентериерот ќе изгледа полуксузно и поскапо:
Мебел со „богати“ бои
Просторијата ќе делува многу полуксузно ако мебелот има впечатлива, „богата“ боја.
Темните нијанси, како боја на цреша, секогаш му даваат доза луксуз на просторот и го оживуваат.
Кревет покрај прозорецот
Ако просторот ви овозможува, креветот во спалната соба ставете го под прозорецот.
Според дизајнерите, ова е трик што често го користат Французите бидејќи наутро креветот ќе ви биде убаво осветлен, но светлината нема да ви „паѓа“ директно во очи.
Покрај тоа, ваквиот распоред ѝ дава доза луксуз на спалната соба.
Голем, но лесен лустер
Избегнувајте ги раскошните лустери со кристали и слични украси бидејќи може да делуваат кич.
Но затоа, пак, впечатливите, но лесни лустери, на пример од ратан, изгледаат многу луксузно и ја освежуваат просторијата.
Олеми огледала
Огледалата визуелно го прошируваат просторот, но ја прават и собата посветла.
Сето ова, пак, дава доза луксуз.
Мали плочки
За полуксузен изглед, давајте им предност на малите плочки. Уште подобро ако можете да вметнете плочки со дезен, кои ќе изгледаат како мозаик.
Секако, важно е да не претерате – плочките со дезен ќе изгледаат добро само ако останатите елементи и парчиња мебел се еднобојни.
Придушено светло
Придушеното жолто светло го прави просторот поудобен, но прави и да изгледа полуксузно.
Покрај светлото на таванот, во секоја просторија додајте и уште 2-3 извори на жолта и послаба светлина.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





