6 трендови за уредување со ретро и луксузна нота кои се хит во 2025-та
Простор во кој преовладуваат исти шари низ повеќе елементи, јапанди стил – комбинација од јапонски минимализам и скандинавска топлина, но и викторијански луксуз, како и земјена елеганција – кои трендови за уредување се хит во 2025, а будат носталгија за старите времиња?

Естетика, стил, безвременски изглед и личен печат – работи кои се многу важни при уредувањето на домот.
Ако сакате да немате ентериер со застарен изглед, но сепак ја сакате вечната класика и не сакате да погрешите, тогаш трендовите кои владеат во 2025 се идеални за вас.
Оддаваат ретро носталгична нота, но имаат и доза на луксуз, секако, доколку внимателно се искомбинираат стиловите и парчињата мебел и украси.
Дизајнерите, кои имаат познавања и од модата и од ентериер дизајнот, се „колнат“ во следниве трендови за топол и стилски дом:
Викторијански стил
Дизајнот на ентериер е личен начин на изразување, а за оние што го гледаат домот како платно за раскажување приказни, викторијанскиот стил нуди совршена инспирација.
Совршена комбинација на историја, вечен луксуз и шарм, со додатоци кои создаваат топлина и чувство на носталгија – тешки орнаменти, темно дрво, богати материјали, драпери, столни ламби, перници, слоевити наметки и впечатливи декорации и детали.

Простор во кој преовладуваат дезени и шари
До неодамна, минимализмот беше голем тренд во уредувањето, па многумина не би поверувале дека сега храбрите принтови се враќаат во мода.
Домовите сега стануваат повпечатливи и уникатни, а станува збор за уредување каде една или повеќе шари се повторуваат низ повеќе елементи во просторијата и со тоа создаваат хармоничен изглед.
Дефинитивно не е за секој, но остава силен личен печат за разлика од празното уредување.

Јапанди уредување
За оние на кои светот им изгледа престимулирачки, овој стил носи можност за слободно дишење и смирување на умот, преку минималистичко но добро осмислено уредување, кое сепак има доволно текстура за да не делува стерилно.
Станува збор за комбинација од два пристапи – јапонски минимализам со чисти линии, природни материјали и хармонија и скандинавска топлина со светли бои, удобност и функционалност.
За да се постигне овој ефект, се препорачува функционален и убав мебел, со можност за скриено складирање за да нема неред, природни материјали како светло дрво, неутрална палета со две до три текстури како тапациран мебел, дрво и внимателно избрани декорации, занаетчиски или винтиџ, за душа и карактер.

