6 трендови за уредување со ретро и луксузна нота кои се хит во 2025-та
Земјена елеганција
Овој стил на уредување создава атмосфера која делува приземјено, интимно, како и идеална хармонија помеѓу надворешноста и внатрешноста, така што природата станува составен дел од домот.
Тоа е моментот кога природните бои и материјали доаѓаат во центарот на фокусот, преку користење на камен, глина, дрво, јута, лен, како и додавање на природни растенија за да се даде живот на просторот.

Меко на допир
Текстурата е многу важна за топлината во домот, а чистите и мазни површини годинава се заменуваат со меки елементи.
Замислете го чувството кога поминувате со прстите низ луксузен, мек материјал – токму тој комфор и удобност го дефинира домот.
Освен меките пернички, за оние похрабрите, идеално би било да го внесат во домот овој стил преку букле фотелји или каучи, кадифени гарнитури и меки теписи.

Традиционална естетика и селски шарм
Ако сте од оние кои сакаат да избегаат од модерната естетика и домот да го претворите во носталгично катче од времето на бабите и дедовците, тогаш овој стил е за вас.
Ентериер инспириран од селското уредување лежи во едноставноста, како и спојот на природата и рустичните детали.
Овој стил дозволува да го интерпретирате и да го вметнете во домот како што сакате, зависно регионот или типот на селски живот што најмногу ве привлекува – од тосканските селца до фармерски живот. Нема опција да погрешите.

М. М. | Црнобело
