Детали што прават домот да делува непријатно и евтино
Несоодветна големина на тепих
Навистина е важна големината на тепихот во собата. Во дневната соба, тепихот треба да биде доволно голем за да достигнува до ногарките на гарнитурата – тросед, двосед, фотелја…
Односно, делот за седење да биде целосно покриен.
Помалите теписи се идеални за во спална, но избегнувајте ги многу малите килимчиња бидејќи може да делуваат неуредно.
Сјајни површини
Сјајните површини може да направат просторот да изгледа поевтино ако ги има премногу во една соба.
Покрај тоа, навистина се тешки за одржување – ќе треба да ги чистите и неколкупати дневно за да немаат отпечатоци од прсти.
Затоа, секогаш подобро да ставите мат површина, особено за елементи што ги користите често, како работна маса.
Неорганизирани предмети
Не мора да ги криете сите предмети во домот, но барем организирајте ги.
На пример, ако имате навика на масата во дневната да оставате телефони, далечински управувач или што било друго, ставете декоративна корпа во која ќе ги оставате овие предмети.
Вака ќе ви бидат при рака, а нема да изглед хаотично.
Ова важи за секој дел од домот – ноќната масичка, бањата, ходниците… Доволна ви е само кошница ли кутија со убав изглед за драстично да го промените изгледот на просторијата.
Погрешно избрана завеса за бања
Постојат завеси со секакви бои и дезени, па осигурете се дека таа што ќе ја купите ќе се совпаѓа со ентериерот на бањата.
Исто така не заборавајте и редовно да ја чистите бидејќи мувлата и остатоците од шампон секако дека ќе го уништат изгледот просторијата.
Непријатни мирис
Дури и во најубавиот и најскапиот дом нема да се чувствувате пријатно ако има некаков непријатен мирис.
За да ги избегнете лошите мириси, не оставајте валкани садови преку ноќ, оставајте ги крпата и сунѓерчето во кујната на место каде што можат да се исушат, редовно фрлајте го ѓубрето и ако имате миленици, редовно чистете го кафезот, кутијата со песок и слично.
Можете да купите и мирисливи свеќи или етерични масла за просторот да мириса пријатно.
Спирова С. | Црнобело
