8 мали детали што му даваат шарм на домот (и прават да изгледа полуксузно)
Цветните аранжмани, но и уникатните садови за јадење се ситници кои не чинат многу, а сепак прават огромна разлика во ентериерот.

Не мора да го реновирате домот или да трошите многу пари за луксузен мебел.
Можете да импровизирате со тоа што веќе го имате во домот за да создадете пријатна, но и полуксузна атмосфера.
Осум ситници кои ќе му дадат шарм на домот:
Уметнички дела и фотографии
Без разлика дали ќе ги закачите на ѕидот или ќе ги ставите како украс на полица или маса, уметничките дела и фотографиите веднаш ќе го освежат просторот.
Притоа, ваквите декорации имаат и сентиментално значење, па домот ќе ви биде многу попријатен.

Уникатни садови
Сигурно и самите сте забележале дека храната и пијалаците сервирани во уникатни садови секогаш изгледаат поубаво.
Ова е детаљ што нема да ве чини многу, а ќе направи голема разлика.

Цветни аранжмани
Цвеќето му дава посебен шарм на просторот, без разлика како е уреден.
Сепак, најдобро избегнувајте го вештачкото, а ако сакате подолготрајно решение, секогаш можете да си направите аранжман со суво цвеќе и суви растенија.

Свеќи
Ништо не создава пријатна атмосфера како свеќите. Можете да ги ставите во свеќници, но и да купите свеќи со убави форми и дезени.

