Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок
Сменете го распоредот во дневната
Ако имате можност, сменете го распоредот на некои елементи во дневната – преместете ја фотелјата, додајте ново столче и слично.
Можете да го смените и распоредот на декорациите и сликите, па со истите предмети ќе добиете потполно нов изглед.

Украсете ја трпезариската маса
Ставете чинија со свежо овошје, купете прекривка со пролетни мотиви, ставете свежо цвеќе со вазна – има безброј опции за кои не треба да потрошите многу пари.

Купете нова постелнина
За да ја освежите спалната, доволно е само да купите нова „пролетна“ постелнина.
Денес можете да најдете квалитетни постелнини по прифатлива цена, кои можат да го променат целиот изглед на собата.

Експериментирајте со светлото
Тргнете ги тешките завеси и дозовлете во домот да влезе природна светлина.
Можете да експериментирате и со вештачкото светло – купете некоја поевтина столна или подна ламба, а можете да ставите и жолти сијалички кои создаваат мошне пријатна атмосфера.

Спирова С. | Црнобело
